Наставна единица 1 (Основно училиште, 1. одделение) – Јас имам име – ние имаме училиште
Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 1: Документи за планирање » Наставна единица 1 (Основно училиште, 1. одделение) – Јас имам име – ние имаме училиштеA Грубо планирање
Клучно прашање/ тема | Клучна активност | Потребни материјали | |
Активност 1 |
Децата ги учат имињата на своите соученици. |
Децата ги претставуваат соучениците во одделението со нивните имиња. |
Хартија во боја |
Активност 2 и 3 |
Колку се различни децата во нашето одделение? |
Секое дете изработува за себе едно цвеќе со фотографија во центарот. Цветовите се поврзуваат во букет. |
Хартија во боја, фотографија од секој ученик, еден лист флип чарт хартија
|
Активност 4 |
Што знаеме едни за други? |
Анализа во пленум (одделенски разговор) |
(Изработен постер) |
Б Основа и образовни цели
Децата се свесни дека сите во одделението имаат различини имиња. Тие го почитуваат тоа што секој ученик има име со кое се разликува од другиот; разбираат дека нивното име не може да им биде одземено; Тие сфаќаат дека никој не може да им го земе нивното име и дека тоа нераскинливо им припаѓа ним.
Децата сфаќаат дека секое име всушност претставува различна личност и карактер и дека таа целина, тие личности ја сочинуваат класната заедница – одделението. Тоа може да се спореди со еден раскошен колоритен букет од цвеќиња направен од многу поединечни цвеќиња. Како варијанта можат да се употребат и други слики, на пр. капки од дожд, вагони на воз, музички ноти, делови од слагалици … Она што во секој момент треба да дојде до израз е дека сите заедно сме повеќе од само збир од посебни единики. Ние стануваме букет, облак, езеро, воз, мелодија, сложувалка итн.
Децата разбираат дека заедно формираат заедница на учење.
Децата сфаќаат и ценат дека училиштето нив ги поддржува – сега и во иднина, и како поединци и во соживот со другите; им овозможува стекнување на информации, нови знаења и способности.
Тие сфаќаат дека училиштето не е само обврска и должност, туку и дека е создадено затоа што секое дете има право да се образува (зашто му е потребна специјална институција значи училиштето), и дека родителите, наставниците и државата мораат да им го загарантира ова право.
В Клучни прашања за рефлексија на првата наставна единица
Доживување на детските права |
Запознавање на детските права |
Имплементирање на детските права |
Наставници |
||
Како се водело сметка за принципите на детските права во училницата и училишната заедница? |
Што знаат сега децата за детските права? |
Да се научи како може да се превземе нешто активно надвор од училиштето: Што учениците научиле за нивната иднина? |
Училиштето е дел од нашиот живот, одделението е микроопштество. Симбол за ова е букетот цвеќиња. Десно наведените членови на детските права преку овој прирачник можат да се научат во училницата. |
Член 7, 28 (види ја Конвенцијата за правата на децата во додатокот).
|
децата можат да одлучуваат каде ќе биде обесен постерот со букетот цвеќиња. |
Ученици |
||
Како ги доживеав детските права на час? |
Што научив за детските права? |
Како можам сега нешто активно да преземам? |
Секој од нас е посебна личност. Секое дете е добредојдено во одделението. Би било штета и загуба ако некој од нас не би припаѓал на ова одделение. Сите ние ги имаме истите права. |
Имаме посебни права како деца : Ние имаме едно име и никој не може да ни го одземе (член 7). Имаме право да одиме на училиште, да научиме да читаме и пишуваме (член 28). Без училишно образование никој не би можел да најде работа како возрасен човек. |
Имаме посебни права како деца : Ние имаме едно име и никој не може да ни го одземе (член 7). Имаме право да одиме на училиште, да научиме да читаме и пишуваме (член 28). Без училишно образование никој не би можел да најде работа како возрасен човек. |
Г Микро планирање
Активност 1
Учениците седат во круг. Во средината на кругот (на подот) се поставени срца изработени од хартија во различна боја. Секое срце го носи името на едно дете и е прицврстено на јаже. На едно срце од хартија е испишано името на наставникот.
Наставникот ги охрабрува децата да учествуваат во разговорот:
- Ги знаеме сите имиња? Кој е кој?
- Секој ученик избира едно срце од хартија на кое е испишано името на некое друго дете и изјавува: Што најмногу ми се допаѓа кај ова дете? Што до сега сум правел со него? Зошто би ми недостигало, кога не би било тука?
- Други прашања кои може да им бидат поставени: Што би можел да каже некој друг за ова дете, на пример наставникот, женски или машки член од неговото семејство, самото дете, другарче или другарка, некој друг во собата, луѓето во соседството?
Откако сите деца се изјаснија за детето на кое му припаѓа срцето, му го предаваат срцето од хартија на она дете чие име стои на него.
Секој ученик го задржува неговото срце и го носи сѐ додека трае оваа прва активност. (Срцето од хартија може да се носи и во следните активности сѐ додека не се запознаат добро сите деца).
Завршен круг на прашање на наставникот: „Зошто ми требаа различни бои, а не само една?“
Наставникот ги замолува учениците да донесат свои фотографии за следната активност (или, наставникот прави дигитални фотографии од децата и ги принта за следниот час).
Активност 2 и 3
Инпут на наставникот за почетокот на активност 2: Секое дете на овој свет е поинакво. Секое дете е единствено врз основа на неговиот карактер, неговите посебни особини, неговото име и неговата боја на кожата.
Децата имаат и права кои важат скоро во целиот свет. Во нив спаѓаат на пример:
- Правото на име (член 7; евентуално да се прочита во поедноставена форма);
- Правото на училишно образование (член 28 исто така).
Само оној кој има име може да биде повикан од некој друг. Затоа е важно да се знае името!
Разговор за досега кажаното, прашања и мислења на децата. Заклучок: Ние сите со нашите различни имиња, особини, карактери и бои на кожата го образуваме заедно нашето одделение и токму за тоа се работи при следниот чекор!
Сега ќе изработуваме слика на одделението и тоа не од срца туку од цветови во вазна. Вазната го претставува училиштето, училишната зграда или нашата училница. А сите ние сме цветовите внатре. Без нас училиштето не би постоело, тоа не би било друго освен празна зграда, исто како празната вазна.
Наставникот ги објаснува чекорите на активноста:
- децата ги изработуваат своите цветови;
- ги бојат цветовите, а во средината на цветот залепуваат своја фотографија;
- цветовите ги поставуваат во форма на букет;
- букетот се лепи на постер;
- на овој начин настанува слика од нашето шарено и разновидно одделение.
Пред креативната работа или после неа децата уште еднаш размислуваат и се обидуваат да ја интерпретираат сликата од букетот цвеќиња во вазната. Наставникот ги собира различните мислења и идеи. Децата ги развиваат нивните идеи слободно и спонтано, како поттик можат да послужат следните импулси:
- Што претставуваат (симболизираат) цветовите?
- Што претставува вазната?
- Зошто е важно да се има име?
Во зависност од времето и материјалите што се на располагање, оваа креативна работа може да варира на неколку начини, на пример:
- учениците можат самите да ги цртаат цветовите и да ги исечат, (а може и наставникот да им донесе подготвени цвеќиња за декорирање);
- наставникот може да им ги подготви средишните делови на цветовите, а учениците да ги изработат ливчињата (или учениците ги прават сами цвеќињата);
- пожелно е фотографиите од учениците да бидат исечени според големината на средишниот дел на цветот (или учениците сами го прават тоа);
Децата кои пред време ќе ја завршат активноста, наставникот може да ги ангажира да цртаат други мали цветови без фотографии.
На крај се прави постер со „одделенскиот букет“ од цвеќињата на децата на еден ѕид во училницата. На вазната треба да се наоѓа резиме на дискутираните детски права (чл. 7 и 28) направено од наставникот или од учениците.
Активност 4
Рамка:
- постерот се поставува на таблата или на ѕидот.
- учениците седат во голем полукруг напред во училницата; Сите треба добро да го гледаат постерот.
Учениците размислуваат за следните прашања (разговор во одделението со импулси од наставникот):
- Што ми беше најзабавно за време на оваа активност?
- Што научив?
- Што знам за другите деца?
- Што ново дознав за наставникот?
Кон крајот од активността, наставникот им дава на учениците уште еднаш информации за детските права, упатува пред сѐ на двете правата на децата, на вазната. Ги информира децата за Меѓународниот ден на децата (20 ноември).
На крај наставникот дискутира со одделението за тоа каде да биде изложен постерот, во ходникот или во влезниот хол на училишната зграда. Одделението дава аргументи за и против. Каде да се закачи постерот за да можат да го видат сите посетители? Што ќе направиме кога ќе дојде ново дете во одделението?