Наставна единица 3 (Основно училиште, 3. одделение) – Ние сме волшебници!

Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 1: Документи за планирање » Наставна единица 3 (Основно училиште, 3. одделение) – Ние сме волшебници!

A Грубо планирање

Клучно прашање/тема

Клучна активност

Потребни материјали

Активност 1

What can an ordinary person do to solve a problem? What can a wizard or witch do?

Учениците се учат да прават разлика помеѓу реалните и „магичните“ решенија.

Тие цртаат „нормален“ човек или волшебник.

Ѕидна табла (така подготвена што ќе можат да се собираат идеите на децата); лепило; хартија А4; боици

Активност 2

Кои се централните права на детето? Кои проблемски подрачја се опфатени во нив?

Кои решенија ни текнуваат на овие проблеми?

Во дискусија за елементарните детски права учениците ги запознаваат основите и формулираат фантастични и реалистични решенија за актуелни проблеми во врска со овие права.

Подготвени фигури на хартија; боици

Активност 3

Како можеме во избраните проблемски ситуации да бидеме поткрепувачки активни; кои конкретни решенија можеме да ги изработиме за одредените ситуации?

Учениците се обидуваат да најдат решенија за тешки ситуации од секојдневието. Тие ги применуваат решенијата преку игра на улоги.

Евентуални реквизити за играње на улоги

Активност 4

Како ги оценуваме предлозите за решенија кои нашите соученици ги презентираат во играњето на улоги; Што научивме на овој начин?

Учениците ги изведуваат нивните игри на улоги во одделението и ги дискутираат погодените решенија.

Евентуално реквизити за играта на улоги

 

Б Основа и наставни цели

Децата многу бргу стануваат свесни дека многу работи се надвор од нивна контрола. Често се носат одлуки кои имаат директно влијание на нивните животи, без тие да можат да влијаат. Но, децата можат да се повлечат во еден свет на фантазија. Тоа во никој случај не треба да се цени само како обид да се избега од реалниот свет. Светот на фанатазијата е повеќе област во која се кројат нови планови, се рефлектираат искуства и се собираат сили за враќање во реалниот свет.

За наставниот проект во наставната единица 3 се повикуваме на имагинативното богатство на децата. Ние им даваме шанса нивните идеи и фантазии да ги претворат во решенија на проблеми во врска со елементарните детски права. Појдовна точка притоа е привлечната претстава да се биде волшебник и да се располага со магичните сили.

V5_P16

Во целите на проектот се вбројува и тоа децата да ги запознаваат детските права во една сосема едноставна форма. Истовремено треба да се изработат решенија за проблемските ситуации кои стојат зад некои детски права. Овие можат и треба пред сѐ да бидат „магионичарски решенија“ – фантастични и магични -, во вториот чекор треба да се размислат и претстават реалните практични предлози. Овде наученото може да се извежба и продлабочи и во врска со едноставни ситуации од училишното секојдневие (на пр. „Ред во училницата“, „Однесување во дворот на училиштето“).

Најважна за успешноста на оваа наставна единица е комуникацијата во училницата. Притоа важен е изборот на соодветен распоред на седење, односно распоред на седење кој ќе овозможува комуникација. Во поглед на групната дискусија препорачуваме децата да седат во круг или околу една маса.

Совет за термин за спроведување на оваа наставна единица: Во принцип се разбира по слободен избор; особено соодветни би биле втората и третата седмица од ноември т.е. времето пред денот на детските права на 20. ноември (види предлози на крајот на четвртата активност).

В Клучни прашања за рефлексија на часовите по детски права

Доживување на детските права

Запознавање на детските права

Спроведување на детските права

Наставник

На кој начин се водело сметка за принципите на детските права во училницата или училишната заедница?

Што сега децата знаат за детските права?

Да се научи како да се преземе нешто активно надвор од училиште; што научија децата за нивната иднина?

Училиштето е како микро-општество. Учениците дискутираат заедно и изнаоѓаат решенија за проблеми. Постои интеракција и меѓу нив самите, а не само со наставникот.

Членови 13, 14, 28, 31 (види ја Конвенцијата за детски права во додатокот) Учениците размислуваат за реални ситуации во нивниот живот и во врска со детските права и се обидуваат да изнајдат решенија за нив.

Ученици

Како јас ги доживеав детските права во наставата?

Што имам научено за детските права?

Како можам сега да преземам нешто активно?

Се ислушавме едни со други и меѓудругото дознавме дека нашите желби, проблеми и предлози за решение можат многу да се разликуваат. Видовме како тоа го дискутираме и како заедно можеме да изнајдеме решенија за проблемите.

Знам дека децата имаат посебни права, имено детски права. Знам дека има Меѓународен Ден на децата и тој се слави на 20 ноември.

Учам за да можам да разликувам чуда од реални решенија за проблеми во реалниот живот.

Знам дека другите луѓе и јас имаме човекови права, но морам да направам нешто за да бидам сигурен дека правата се заштитени –и моите и на останатите луѓе.

Изнаоѓање на решение на проблем не е лесно и ние не можеме да ги решиме проблемите одеднаш. Некои од нашите желби нема да се исполнат уште долго време.

 

Г Микро планирање

Активност 1

Одделението е собрано во еден голем полукруг на столици пред ѕидната табла; секое дете треба да има добар поглед на таблата.

Наставникот покажува цртеж (на ѕидната табла или на проектор), на првиот може да се види обичен маж или жена, а на вториот волшебник.

Разговор за тоа:

  • Што е разликата помеѓу волшебник и обични луѓе? Што може посебно магионичарот (волшебникот)?
  • Што прави „нормален“ човек во посебни ситуации, на пр. кога нема повеќе леб дома?
  • Што би направил волшебник во иста ситуација?
  • За поттикнување на фантазијата децата да најдат други примери, евентуално поддржани преку поттик на наставникот. Наставникот протоколира на ѕидната табла во една табела по следната илустрација:

„обичен“ човек

Волшебник

Ситуација 1 (на пр. глад)

Ситуација 2 (на пр. сиромаштија)

Ситуација 3 (на пр. досада)

Ситуација 4 (на пр. роденден)

итн.

Потоа дискусија за различни ситуации и решенија. Импулси притоа:

  • Има ли решенија или идеи кои потекнуваат од добар или од лош волшебник? Како би постапиле добри т.е. лоши волшебници во одредени ситуации?
  • Кога последен пат си посакал да станеш волшебник и што си сакал да промениш?
  • Која е во моментот твојата најголема желба? Како би ја исполнил како волшебник? Како изгледа реално со исполнувањето?
  • Итн.

Наставникот ги охрабрува учениците да ги искажат своите идеи и размислувања и притоа ги поддржува. Тој им објаснува на учениците дека во следните активности ќе зборуваат за волшебници и им задава задача да бараат слики со волшебници во списанија и книги и интернет и ако е можно да ги донесат на училиште. Истовремено се обезбедува место за изложба.

Доколку останува време децата треба по можност да нацртаат фантастичен волшебник и покрај него, евентуално, еден „обичен“ човек. Овие слики (евентуално да се изработат како домашна работа) можат да бидат интегрирани во изложбата.

Активност 2 (Времетраење околу 1 ½ лекција)

Вовед: Разгледување и коментирање на изложбата (види горе), доколку таа достигнала презентативен обем. Поттикнување за понатамошно собирање.

Потоа формирање на круг на седење и „предавање“ / раскажување од страна на наставникот за десетте најважни права на децата. Наставникот во оваа централна активност известува како пред повеќе од 50 години се напишани специјалните права и како биле потпишани од многу држави кои се занимаваат со животот и ситуацијата на децата. Тој ги парафразира и коментира на јазик соодветен на возраста, десетте најважни права на децата соодветно на Декларацијата за правата на детето од 1959 (позади во додатокот на материјали за печатење; спореди ја и илустрираната кратка верзија која на интернет се појавува под „Детски права УНИЦЕФ“). Извештајот треба да биде што е можно попрегледен, пововеден и усогласен според децата; реални примери и вклучувањето на децата можат да го поддржат ова.

Како завршеток и резиме на оваа активност би можело со одделението да се опфатат најважните точки и да се запишат на ѕидната табла, ова евент. и како пример за сопственото внесување во тетратката на крај.

Одлучувачки е учениците да разбрале,

  • дека има детски права
  • дека и кај нас важат за секое дете
  • дека нивна цел е да му овозможат на секое дете растење во здрава и нормална состојба (се мисли како на телесниот така и на моралниот, душевниот, интелектуалниот и социјалниот развој)
  • и дека треба да се почитуваат слободата и личното достоинство на детето.

Во следниот чекор наставникот поставува 20 фигури од момчиња и девојчиња кои претходно се исечени од самите ученици или од наставникот. Овие фигури се ставаат на подот во четири групи од по пет фигури. Наставникот коментира дека секоја група има посебен проблем:

  • Кај првата група се работи за телесната благосостојба (исхрана, здравје итн.).
  • Кај втората група се работи за душевни аспекти (без дискриминација, право на приватна сфера итн.).
  • Кај третата група се работи за интелектуални развојни можности (право на образование, информација итн.)
  • Кај четвртата група се работи за луѓе од опкружувањето на детето (семејство, пријатели итн.).

По ова објаснување одделението се дели во четири групи од кои секоја е надлежна за една од горните четири групи на детски фигури. Работни напатствија: Земете ги вашите пет фигури и напишете на секоја од нив во јас форма нешто што ѝ фали / од што пати! Кај групата „душевни аспекти“ тоа би било на пр.: „Ме исмејуваат оти сум странец“, „Страдам бидејќи немам пријатели“, „Јас сум тажен бидејќи другите ме исмејуваат поради мојот јазик“ итн.

Следниот круг (или комбинирано со горниот): Е сега ние сме волшебници и би сакале да им помогнеме на овие деца за да ги стекнат нивните детски права! Запишаните фигури по ред се обработуваат секоја под следните прашања:

  • Читајте што пишува на детето, од што пати.
  • Како би можел да помогне волшебникот?
  • Што би можел да направи тој за да му биде утре и задутре подобро на детето?
  • Што би можело детето самото да направи за да му биде подобро?
  • Што би можеле „нормални“ луѓе – на пример ние! – да направиме за да му биде подобро на детето?

Овој круг би можел да се спроведе или во и со целото одделение или во зависност од големината на класот и останатото време – во две или повеќе помали групи.

Активност 3

Наставникот уште еднаш ги повторува 10-те најважни детски права (види горе, активност 2). Денес се работи за тоа да се погледнат конкретни ситуации во реалниот живот, кај кои овие права би дошле во игра или би требало да дојдат. Наставникот ги стимулира учениците да размислуваат по двајца за места и ситуации од секојдневниот живот кои за нив самите и за нивните соученици, постари или помлади соученици се тешки и каде се повредуваат нивните права или би можеле да бидат повредени. За воведување и илустрирање како и за растер при собирање на мислењата може да послужи следната листа на места и ситуации на ѕидната табла:

Места:

  • Училницaта
  • Училишниот двор
  • Патот до училиште

Ситуации:

  • Кавги и различни мислења
  • Дома нема ручек
  • Ненапишана домашна задача
  • Да се биде истепан
  • Да се нема другари
  • Да не се поседува зимска јакна
  • Да се нема спортска опрема.

Разговорен импулс: „Ние сега се ставаме во улога на волшебник. Ние вежбаме како се наоѓаат решенија за вакви ситуации.“

Пред сѐ во пленум се дискутираат 2 или 3 ситуации и соодветни решенија за нив – по можност не премногу „магични“ туку и реални. Потоа учениците формираат групи од по 3 или 4 ученици и во нив избираат една ситуација, со која ќе се занимаваат и за која сакаат да презентираат едно решение. За тоа секоја група треба да изработи игра со улоги која оваа ситуација прегледно ќе ја илустрира и истовремено да претстави едно решение. Денешниот час служи за подготовка, а изведбата и дискусијата на инсценирањето ќе следи на идниот час (не веднаш, потоа поради задачите, види долу).

Наставникот ги објаснува правилата за играта на улоги – време за подготовка и време за изведба (време за играње на пр. 5 мин.); Содржина (Ситуација плус решение) евент. техничките аспекти на играта (гласно говорење, примена на реквизити итн. – тој ја поддржува групата, при потреба дава предлози и слуша. Како задача за четвртата активност треба учениците да размислат како можат и сакаат да ја украсат сцената со костими и реквизити.

Активност 4

Кратка инструкција на одделението во поглед на следната сценска игра: податоци за време, јасни импулси на набљудување за гледачите (на пр. дали ситуацијата е разбирливо претставена? Дали решението е реално? Дали актерите зборуваа / играа јасно и „вистински“? итн.); овие задачи на набљудување да се запишат на ѕидната табла!

Фаза на играње: Секоја група си ја игра својата сцена (проблем плус решение) пред одделението. Времето (на пр. 5 минути за секое инсценирање) треба да се испочитува.

По секоја активност или по секои две инсценирања: Дискусија за г.н. прашања и за прашања кои се специфични според ситуацијата и проширени прашања (на пр. Кој има доживеано слична ситуација? Како тој/таа реагираше во таква ситуација? итн.)

Завршна дискусија (одделенски разговор) за различно одиграните проблемски ситуации и решенија, заокружување преку повторно навраќање кон детските права; Освестување дека конечно се работи или работело само за нив.

Евентуално, проект на меѓународниот ден на правото на детето (20. ноември) да се направи нешто за тие права (информација на друго одделение за детските права, креативна реализација на пр. во ходникот на училишната зграда, мали театарски изведби врз основа на штотуку изведената игра на улоги итн.).