Наставна единица 6 (основно училиште, 6. одделение) – Детските права: Уметничко дело!
Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 1: Документи за планирање » Наставна единица 6 (основно училиште, 6. одделение) – Детските права: Уметничко дело!А Грубо планирање
|
Клучни прашања/тема |
Клучна активност |
Материјал |
|
Активност 1 |
Што е уметничи проект? Како можат детските права да се претстават на уметнички начин? |
Учениците одлучуваат кој член од Конвенцијата за правата на децата сакаат уметнички да го претстават и ги развиваат своите првични идеи. |
Неколку списанија; правата на децата на картички или ливчиња |
|
Активности 2 до 4 |
Како можат наставниците и учениците да се поддржуваат едни со други? Како ќе го прифатиме различното темпо на работење? |
Учениците изработуваат еден или повеќе уметнички проекти. Учат да прифаќаат помош и како да им помагаат на другите. |
Хартија, боички, лепило, списанија итн. |
Б Основа и цели на учење
Детските и човековите права често се во
врска со комплексни политички, социјални и лични проблеми. Покрај тоа има се разбира и долга традиција на уметничко претставување на детските и човековите права на кои ќе се повикаме во овој проект. Уметниците често во минатото добиваа задача одредени членови или делови на овие права креативно да ги претстават. На тој начин настанале многу прекрасни картички, календари, книги и филмови.
За учениците кои учествуваа уште во проектот со кутијата со богатство во наставна единица 3, овој уметнички проект им нуди и друга можност за продлабочување на темата за детски права со еден креативен пристап. Навраќањето на оваа традиција (како што следеше со кутијата на богатство во третата наставна единица) е соодветно на нашето убедување дека учениците можат да се занимаваат со обемна тема како што се детските права во смисла на комплетно усвојување, не само когнитивно туку и уметнички обликувано.
Ние препорачуваме оваа наставна единица да се испланира колку што е можно порано за да можат сликите да се изложат во училиштето на меѓународниот ден на детските правата (20. ноември), во Општинската библиотека, во Општинската зграда или во друга јавна институција.
Изложбата како цел на проектот истовремено е и кулминација и поттик. Таа треба да ја поддржи мотивацијата на учениците и тие да им пријдат на нивната задача со неопходната грижливост и креативност.
Забелешка: Првата активност, но и целиот проект може да се спроведе во соработка со наставник по ликовно воспитание или со еден локален уметник. Можеби и учениците имаат свои предлози во врска со ова, кои се разбира дека треба да бидат интегрирани во подготовката.
Замисливо е и дека проектот може да се спроведе со партнер одделение.
В Клучни прашања за рефлексија на шестата наставна единица
Доживување на правата на децата |
Запознавање на правата на децата |
Остварување на правата на децата |
Наставник |
||
Како се води сметка за принципите на правата на децата во училницата или во училишната заедница? |
Што знаат сега учениците за детските права? |
Учење како надвор од училиштето може нешто активно да се преземе: Што научија учениците за нивната иднина? |
Особено на часовите по ликовно воспитание учениците стануваат свесни дека е возможно и важно да се развие сопствен начини на индивидуално изразување. Тие изнаоѓаат лични патишта кои различните права на децата уметнички ги реализираат. |
Учениците го продлабочија нивното знаење за правата на децата и подробно се занимаваа со некои членови од Конвенцијата на правата на децата. |
Учениците емоционално се во состојба да ги препознаат повредите на човековите права и да ги оценат. Тие ја развиваат оваа компетенција преку нивната лична анализа и претставувањето на повредите на правата на децата. |
Ученици |
||
Како ги доживеав правата на децата во настава? |
Што научив за правата на децата? |
Што можам сега активно да преземам? |
Овој проект ги претвори училницата и целото училиште во место кое заедно со другите го уредував и декорирав и во кое се чувствувам добро. Можам да ја изразам мојата личност и прифатен сум како индивидуалец. |
Заедно со моите соученици подробно се занимавав со правата на децата. Можев да поставам многу нови прашања и сфатив дека не треба да се грижам ако сѐ уште не сум ги разбрал сите членови на правата на децата. Јас и понатаму ќе се занимавам со нив. |
Посвесен сум за моите уметнички квалитети и можностите и се осмелувам повеќе да ги користам и понатаму да ги развивам. Тие се дел од мојата личност и понекогаш ми дозволуваат да се изразам многу подобро отколку со зборови или текстови. Можам да си замислам да спроведам сличен уметнички проект со моите пријатели и резултатот да го употребам за поддршка на детски проекти. |
Д Микро планирање
Активност 1 (времетраење околу 1 ½ лекции)
Темелно воведување на одделението во проектот. Централно притоа е што учениците
- евентуално уште еднаш се усогласуваат на темата права на децата;
- ги разбираат смислата, целта и авизираните производи на проектот;
- можат да проценат колку време им е потребно;
- научиле различни примери на уметничко претставување.
Во поглед на последната точка наставникот не само што смее да покажува примери за тоа како до сега биле илустрирани човековите права и правата на децата, туку напротив тој мора со покажување на различни стилови, медиуми и начин на постапување да ги поддржи децата да откријат сопствени уметнички начини на изразување.
Наставникот формира групи или им дозволува на учениците да формираат групи (од по околу три деца). Секоја група добива копија од правата на децата – или од канадската верзија (спореди „Кажи со право!“ во прилог) или скратена верзија на Конвенцијата од 1989 од страна на наставникот (види прилог). Задача: Изберете си три права на децата за кои би сакале да изработите „уметничко дело“ (слика, објект)! (Ова служи како основа за следната дефинитивна распределба.)
Фаза на читање и дискусија во групите; потоа пленум за дефинитивната распределба на избраните права на децата (на пр.: така што на една централна копија од правата на децата секоја група обележува што избрала; потоа се појаснува каде има преклопувања и како се постапува со истите, така што на крајот секоја група да најде по можност задоволително решение.)
Планирање на конкретното спроведување во групата. Прашања кои треба да се појаснат:
- Првични размислувања за концептот на планираната слика или објект;
- потребни бои, материјали, прибор и алати;
- планирање на времето (важно! Наставникот мора задолжително да внимава на тоа и да делува советодавно, дека идеите треба временски да се реализираат);
- идеи за планираната изложба (може подоцна да се дискутира во пленум).
Размена и дискусија на идеите и концептите во одделението.
Задача за следната активност: Во групите да се формулираат понатамошни идеи за проектот, информирање и инспирирање од списанија, интернет и библиотека, подготовка на скици или опис, евентуално да се започне со собирање на материјали. Секоја група подготвува за следната активност мала презентација на планираното, при што појдовна точка треба да биде појаснување на соодветното детско право дополнето со примери.
Активност 2 (прва половина)
Учениците си разменуваат мислења согласно задачата од крајот на првата активност и ги коментираат нивните идеи односно ги претставуваат нив со помош на нивните скици итн. Важно е учениците преку нивната слика или објект да покажат дека соодветното право на децата навистина го разбрале и дека се во состојба да дадат примери во кои ова право се исполнува, односно е повредено. Потоа треба јасно и прифатливо да наведат кое уметничко претставување го имаат предвидено за соодветното право, како конкретно изгледа нивното планирање во врска со тоа и каде зависат од помошта на одделението или од наставникот.
Појаснување на дефинитивниот концепт за изложбата со која ќе биде завршен проектот (по можност на 20. ноември). (Замисливо е и изработката на овој концепт во врска со овие концепти да се зададе како домашна задача која на пр. ќе биде расправана/дискутирана во третата активност.)
Активности 2 (втора половина) до 4
Учениците во втората половина од втората активност и во следните две активности имаат време да работат на нивните проекти (во зависност од обемот и видот на проектот може да се додаде и дополнително време на работење или време за домашна работа). Искуството покажува дека учениците се помотивирани доколку тие не работат сами туку кога работат заедно. Наставникот треба да ги охрабри по потреба да ги модифицираат, да ги развиваат и да ги оптимираат нивните идеи. Како поддршка и поттик од наставникот може да се смета ако истиот на учениците им стави на располагање збирка од постери, илустрации, реклами, дијаграми итн. од списанија, весници, уметнички книги, веб-страни итн. Учениците можат исто така од дома да донесат соодветни документи вклучувајќи уметнички книги и списанија. Овие збирки не мора примарно да имаат врска со темата „права на децата”, туку да илустрираат различни можности на уметничко изразување.
Совети за изложбата:
- Доколку се планира изложба во училиштето, во училницата или во јавна институција треба да се договорат одредени норми во презентацијата (на пр. табли за означување во ист фонт и претставување).
- Замисливо е одредено наградување на изложените слики и објекти. Во комисијата која за оваа потреба треба да се состави, покрај ученици може да учествуваат на пр. и локални уметници или новинари.
- Доколку проектот (со или без награди) доведе до споменување во локалниот печат, тоа може да ја зголеми мотивацијата на учениците.