3. Како се создадени детските права

Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 2: Дополнителни информации » 3. Како се создадени детските права

 1945

По Втората светска војна се обединија многу нации во светот во една заедница и ја основаа ООН т.е. Обединетите Нации.

Заедно тие сакаа да ги поддржат мирот и слободата во светот.

10. декември 1948

На овој ден ОН ја донесоа Универзалната декларација за човековите права.

Во општото разбирање овие основни права за сите луѓе ги опфаќаат исто така и правата на децата на целиот свет.

Наскоро гласовите дека децата биле нешто посебно и затоа им е неопходна посебна заштита станаа гласни.

1950

Направен е првиот нацрт на детските права. Тој повеќе години се дискутираше од претставниците на земјите членки на Обединетите Нации.

20. ноември 1959

На овој ден се донесе Универзалната декларација за човекови права од Обединетите Нации.

Таквата декларација всушност не е обврзувачка за сите држави, но важи како препорака на сите држави за идните политички одлучувања и програми.

1979

Оваа година се славеше низ целиот свет како година на детето. Детските права беа насекаде тема и беа дискутирани. Сѐ повеќе луѓе сакаа овие права да се изработат во детаљи во корист на децата и што беше уште позначајно да добијат правно една повисока обврзаност.

20 .ноември 1989

На овој ден Генералното собрание едногласно ја донесе Конвенцијата за правата на детето или како би кажале ние спогодбата за правото на детето.

Оттогаш скоро сите нации на светот ја имаат потпишано Конвенцијата за правата на детето.

Со тоа сите земји се обврзаа да ги прошируваат информациите за правата на детето, да ги применат тие права и да му се посвети посебно внимание на заштита на децата.

И покрај тоа децата на многу места во светот се жртва на голема неправедност.

Секој од нас е одговорен и мора да придонесе сите деца од овој свет да ги уживаат овие права.