5. Дидактички пристап: Учење со помош на примери
Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 2: Дополнителни информации » 5. Дидактички пристап: Учење со помош на примериПредлозите за настава во овој прирачник се ориентираат на индуктивен пристап, при што конкретните примери формираат појдовна точна. Притоа учениците ги учат општо важечките принципи или апстрактни проблеми и се обидуваат да ги разберат со помош на искуството кое го стекнале при занимавањето со овие конкретни примери т.е. преку анализа на истите. Следните три чекори мора да ги планира и изведува наставник за да може да предава со помош на примери:
- Внимателен избор на еден или повеќе соодветни примери; одлука со кои медиуми и методи да се воведе примерот односно примерите.
- Обезбедување на внимателно модерирана фаза на дискусија и анализа, за време на која учениците, со помош на примери, развиваат општо разбирање за темата и нејзините клучни концепти.
- Обезбедување на соодветна прилика да го применат новостекнатото знаење и запознаените категории и да ги испробаат во нов контекст (продлабочување, трансфер).
Како поддршка на чекор 2 во секоја наставна единица се употребува матрица којашто се однесува на сите три горе реферирани димензии на образованието за демократија. Во долната половина од матрицата (спореди дел В во секоја наставна единица) се предлагаат клучни прашања кои треба да им помогнат на учениците наученото да го анализираат во одделението. Оваа анализа е важна за целите на учењето, содржините и сознанијата да не останат само апстрактни концепти, туку да бидат опфатени од учениците со збор, разбрани, искусени и да можат да се применат во секојдневниот живот. Со размена на нивните идеи во одделението имаат корист како поединечните ученици така и училишната заедница како целина.
Докажано e дека процесите на учење имаат најмногу ефект кога учениците знаат што, зошто и за што учат. Затоа е клучно учениците да сфатат зошто одредени концепти и категории, карактеристики и механизми од демократското општество мора да ги знаат. Исто така, во фазите на размислување/анализа и дискусија, не треба да бидат тематизирани само главните и крајни последици туку и целиот процес на учење. Во смисла на конструктивистичкото учење, учениците стануваат свесни за тоа како учат, во кој тип на учење спаѓаат и кои се нивните специфични јаки страни и потреби во однос на учењето. Во наставата, која се ориентира на постулатот „да се дозволи да се доживеат детските права“, наставниците се поттикнати и охрабрени да им обезбедат или гарантираат на нивните ученици време и простор соодветно на нивните потреби. Само така поединечните ученици можат да го запознаат сопствениот тип на учење и да го интегрираат како дел од сопствениот идентитет.
Понатаму наставникот во смисла на демократско водење на одделението не треба да ги набљудува целите на учење и патот до нивното постигнување само како средство за сопственото планирање на настават,а туку и секаде каде што има тоа смисла и е можно да комуницира со учениците. На тој начин самото планирање на наставата може да стане вежба за изнаоѓање на демократски одлуки.
Воедно наставата на тема „детски права” може со оваа форма на мета-учење да стане модел за тоа како учениците сосема општо треба да посредуваат, да ги организираат нивните сопствени процеси на учење. Притоа се работи за една важна клучна квалификација, а ние мора да земеме во предвид дека процесите на промена во модерното општество (на пример, во поглед на технологијата, економијата и животната средина) стануваат сѐ подинамични и покомплексни. Ова ги става новите генерации пред нови предизвици. За да се опстане во професијата и да може да се учествува во различни одлуки, мора овие генерации да се занимаваат со проблеми во доживотниот процес на учење којшто денес сѐ уште никој не може да го предвиди. За да се биде подготвен за тоа мора нашите ученици рано да станат експерти во кооперативното учење и во проектната работа, во оценувањето на процесот, како и во решавањето на проблеми. Во овој прирачник предлагаме за тоа мали чекори кои што треба да ги поддржат децата на почетокот на нивната кариера на учење.