8. „Тоа значи дека јас имам право на пауза, или…?“ – Мала приказна од училницата
Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 2: Дополнителни информации » 8. „Тоа значи дека јас имам право на пауза, или…?“ – Мала приказна од училницатаНаставничката Садина Сиерчиќ внимателно ја подготви просторијата. Децата седат заедно во групи. Нивните клупи служат како групни маси. На секоја маса се наоѓаат големи пликови. На една од масите седат зајаците, на друга мечките, на трета тигрите. Еден многу возбуден млад зајак смее како прв да го отвори пликот на неговата маса. Наставничката го замолува осумгодишникот да го прочита на глас текстот.
Зајакот чита: „Децата имаат право на најдобра медицинска грижа“ и повторно си седнува. „Тука има и број“ вели наставничката. „Ние навистина нема да сметаме, но бројот е важен!“. Зајакот повторно станува на неговите задни ноџиња и чита: „Член 24“. Наставничката е задоволна. Зајакот застанува на табла пред одделението. Неговиот член стои на шарено парче хартија во форма на балон. Тој смее балонот да го прицврсти на таблата.
На таблата има место за многу балони. Наскоро децата ќе летнат една кошничка која го носи името „Детски права“ со помош на многу балони. Наставничката ја става нејзината рака на рамото на зајачето и е среќна како и тоа. „Ова е едно од вашите права“, им вели таа на децата и продолжува: „Во сите ваши пликови има уште многу повеќе од тоа. Секое право е еден балон.“ Децата разбраа. Сега се дигаат многу раце во висина. Тие едвај чекаат да отворат плик, да прочитаат на глас, да дојдат напред, да го прицврстат балонот на таблата, да бидат пофалени и да ја летнат кошничката.
Ова продолжува вака половина час. Само што сега се мечките на ред, поточно: едно мало девојче мече. Тоа го има пред себе членот 30 и го чита на глас: „Децата кои што припаѓаат на малцинство имаат право да ја живеат нивната сопствена култура, да ја практикуваат својата религија и да зборуваат на својот јазик.“ А од соседната маса еден тигар дополнува: „Децата имаат право на одмор и слободно време, на игра, култура и уметност. Тоа е член 31“.
Расположението кај третоодделенците е весело, ентузијастичко и активно. Има многу движење и шепотење во одделението и секој сака да го слушаат другите.
Дали е ова добра настава? Дали е ова добра лекција за детските права? Колку релевантна е оваа настава за присутните ученици и нивните компетенции? Можеби јас би морал да споменам важен детаљ. Овој час го набљудував пред околу десет години во Горажде. Горажде е еден мал град во источна Босна кој што е исклучен од околината, изолиран и за време на војната скоро заборавен и за малку фалеше да ја доживее истата судбина како Сребреница и етнички да биде исчистен. Со овие основни информации и само неколку години по склучувањето на мирот од Дејтон, за учениците, а пред сѐ и за наставникот сигурно беше возбудлива, но нималку лесна задача во училиштето да се разговара за темите како слобода на вероисповед и заштита на малцинствата. Уште еднаш се навраќаме на лекцијата. Кон крајот на часот го прашува наставничката нејзиното трето одделение, што сега тие научија. Едно смешно малечко зајачко девојче крева рака и вели: „Сега знам: Членот 31 пропишува дека имам право на одмор и слободно време. Тоа значи дека имам право на пауза или? А јас сум сега уморена и ми треба пауза!“ Целото одделение започнува да се смее. Наставничката отпрво исто така се смее, а потоа замислено гледа во групите деца наредени во круг.
Што се случи тогаш? Како продолжи понатаму? Сега оваа наставничка стоеше пред голема потешкотија: Ученичката ја научи нејзината лекција и направи возбудлив обид еден член од Конвенцијата да го примени во секојдневието. Јас не можев да погледнам внатре во главата на наставничката, само можев да претпоставам во каква тешка ситуација беше таа сега. А покрај тоа и самиот требаше добро да размислам: Дали е тоа така замислено со оваа конвенција, која што пред сѐ е правен инструмент? Дали е возможно дека верно на конструктивистичката парадигма на учење секој може да си крои сопствена интерпретација? Што ќе се случи во училницата доколку го дозволиме ваквото размислување? Садина Сиерчиќ наставничката на трето одделение од источна Босна во овој момент немаше време да ги одмери комплексните правни или општествено релевантни мисли. Таа зачекори на тенок мраз и веројатно точно знаеше дека сега е решавачкиот момент: Сега таа за многу ученици од нејзиното одделение може да постави пресвртница. На еден или друг начин. Сега таа ќе одлучи за тоа дали детските права ќе останат весел час со балони – без делување на секојдневното мислење – или овде во Источна Босна, на овој утрински час во раното лето на крајот од 90 години на минатиот век ќе се случи она што сите си го посакуваме: вистинско занимавање со една од најзначајните спогодби која во последните 25 години беше ратификувана низ целиот свет – занимавање со Конвенцијата за правата на детето. Садина Сиерчиќ реагираше на следнит начин. Таа прво погледна кон одделението, а потоа кон девојчето и рече: „Да, ти имаш право. Да, постои членот 31. И тој ти гарантира тебе, а и на сите други деца одмор и израмнување. Тоа значи дека јас сега треба добро да размислам колку домашна работа треба да ти дадам тебе и на дргите. Јас морам да размислам дали е правилно секој ученик кој за време на часот можеше сѐ да заврши, да нема ништо за домашна работа, а оние кои се побавни или погрижливи да имаат повеќе домашна работа и помалку време за одмор. Да, таквите работи морам да си ги размислам, ако го познавам членот 31 од Конвенцијата за правото на детето“. Со тоа Садина Риерчиќ не беше готова. Таа продолжи: „Но јас морам да ти кажам и нешто друго. Ти сега го знаеш и членот 28. А тој ти го гарантира правото на образование. А сега за тебе и за сите твои другари сѐ до одморот е време за образование.“
Учениците од одделението беа сега мирни, а ученичката не беше вистински задоволна со овој одговор. Тоа можеше да се види. Таа не мораше ни да биде. Што се случи ова мајско утро во источна Босна? Една осумгодишна ученичка се обиде да ја разбере меѓународно важечката Конвенција која беше ратификувана од нејзината земја, а со тоа стана државно право. Но многу повеќе од тоа: Таа се обиде Конвенцијата да ја вгради во нејзиниот живот, во нејзиното секојдневие и таму дури и да ја примени. Таа се обиде да ја интерпретира и тоа го направи на вистинското место, токму училиштето за оваа ученичка е местото на кое таа е во директен контакт со нејзината држава. На ова место се одлучува како таа ќе се сретне со оваа држава и претставниците на државата и како таа ќе биде пресретната од нив.
А наставничката? Оваа наставничка се сретна со нејзината ученичка на исто ниво. Таа го дозволи она што ние го нарекуваме „Empowerment“ и истовремено се обиде соодветно да реагира. Садина Сиерчиќ од Горажде со нејзиното одделение, а посебно со нејзината ученичка започна еден долг пат. Таа повеќе или помалку и покажа разбирање на осумгодишната ученичка дека во Конвенцијата за правото на дедето стојат членови кои што се едни наспроти други конкуретнтни. Членови кои што всушност не се исклучуваат, но кои треба да се разберат во взаемната зависност. Во ова одделение тоа претпладне во секој случај Конвенцијата за правата на детето стана инструмент кој што важи како неедноставен да се научи, туку треба да биде за сите учесници еден систем на вредности којшто ќе не тера на делување кое што помага сопственото делување да се стави во поголем контекст.