1. Ученичка верзија на конвенцијата за детски права
Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 3: Документи и наставни материјали » 1. Ученичка верзија на конвенцијата за детски праваЗошто верзија од Конвенцијата за ученици?
Верзијата на Конвенцијата која ја донесе Генералното собрание на Обединетите Нации и која е ратификувана од повеќето држави на светот е правен документ кој е напишан на технички јазик. Доколку младите луѓе треба да разберат кои се нивни права и должности мора ние да започнеме документите како на пр. Конвенцијата за правата на детето да ги изразуваме со свои зборови. Членот 42 од Конвенцијата вели дека е должност на владите да им укажат на активни и различни начини на младите луѓе кои се нивните права. Несомнено оваа Конвенција за детските права на ОН за младите луѓе е поинаква од оригиналот и овозможува активен пристап кон правата. Преку неа на повеќемина од нас ни се свртува вниманието кон нашите права.
Откако толку многу беше зборувано за правата, кои се нашите должности?
Правата и должностите не можат да се набљудуваат независно едни од други. Конвенцијата за правата на детето на ОН ги опишува правата кои од Владата им се загарантирани на младите луѓе. Како и во секоја врска која треба да функционира било да е таа помеѓу другари, во семејството, во училиштето, во спортскиот клуб или помеѓу некои земји мора да мислиме на тоа дека имаме должности кон другите луѓе, а тие пак имаат должност кон нас. Две од овие начелни должности кон другите луѓе се почит и толеранција. Конвенцијата за правата на детето на ОН ги опишува овие начелни должности на Владите кон луѓето под 18 години.
Верзија од Конвенцијата за правата на детето за ученици
член |
Краток наслов |
Краток опис |
1 |
Дефиниција за дете |
Дете е секој човек кој не навршил 18 години. |
2 |
Забрана за дискриминација |
Ниту едно дете не смее да биде дискриминарано поради бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, мислењето, потеклото, богатството, инвалидноста или припадноста на етничка група. |
3 |
Здравјето на детето е приоритетено |
Во сите закони и судски одлуки важи дека здравјето на детето стои на највисоко место. |
4 |
Спроведување на правата |
Секоја држава мора колку што е можно повеќе да внимава на тоа да се запазат правата на децата. |
5 |
Почитување на правата на родителите |
Секоја држава мора да внимава на тоа да се запазат задачите, правата и должностите на родителите така што децата ќе можат да ги практикуваат нивните права. (Владите мора да ги почитуваат правата и должностите на родителите, на членовите на поширокото семејство и на старателот со тоа што ќе ги советуваат и упатуваат децата и младите како тие можат да ги практикуваат нивните права.) |
6 |
Преживување и развој на детето |
Секое дете има право на живот и преживување. Државата мора да внимава на тоа децата и младите да можат добро да се развијат. |
7 |
Име и државјанство |
Секое дете при неговото раѓање има право да добие име, да се стекне со државјанство и да биде згрижено од родителите. |
8 |
Заштита на идентитетот |
Секое дете го има правото да ги сочува или востанови неговото име, државјанство и неговите семејни врски. |
9 |
Разделување од родителите |
Секое дете има право да живее кај неговите родители, освен доколку мора да биде заштитено од неговите родители. Доколку едно дете мора да биде одделено од родителите, го има правото да биде послушано. Доколку детето се разделува од родителите, тоа има право да знае каде се неговите родители. |
10 |
Семејно соединување |
Секое дете го има правото да ја напушти секоја држава и да може да патува во сопствената земја за да биде повторно заедно со неговото семејство. |
11 |
Незаконска депортација и нерепатријација |
Секоја држава мора да се бори против киднапирање на деца и млади од нивниот родител или некое друго лице во друга земја и против нерепатријација. |
12 | Изразување на мислењето на детето |
Секое дете има право да го изрази неговото мислење за сите прашања кои се во врска со неговиот живот. Ова важи пред сѐ за судските и административните постапки. Колку се постари децата и младите, толку повеќе би требало да се земи во предвид нивното мислење. |
13 |
Слободно изразување на мислењето |
Секое дете има право на тоа да го изрази слободно неговото мислење и да добива и шири информации преку медиумите. Секое дете има исто така и должност да го изрази неговото мислење, така што ќе ги почитува правата на другите луѓе. |
14 |
Слобода на мислење, совест и вероисповед |
Секое дете го има правото слободно да ги манифестира неговото мислење, неговата совест и неговата вероисповед. Државата мора притоа да ги почитува правата и должностите на родителите, кога децата ги манифестираат нивните права. |
15 |
Слобода на здружување |
Секое дете го има правото да се здружува со други деца, да се зачлени во некој клуб или да оснива клуб, доколку со тоа не ги повредува правата на другите луѓе. |
16 |
Заштита на приватниот живот |
Every child has the right to not have anyone interfere with their private life, family, dwelling or written exchanges. In addition, every child has the right to not have anyone damage their honour. |
17 |
Пристап до адекватна информација |
Секоја држава мора да се грижи за тоа децата да имаат пристап до информации преку разни медиуми и да можат да се стекнат со знаење кое е важно за нив и за нивното здравје. Државата исто така ја има задачата да ги заштити децата од штетни информации. |
18 |
Одговорност на родителите |
Родителите или старателот се заеднички одговорни за воспитување на детето. Државата ја има задачата да ги поддржува во оваа задача и на пр. да се погрижи за згрижување доколку родителите мора да работат. |
19 |
Заштита од злоупотреба |
Државата ја има задачата да го заштити детето од злоупотреба од неговите родители или други лица. Секое дете исто така има право да научи како секој вид на злоупотреба може да биде спречен и третиран. |
20 |
Млади луѓе без семејство |
Секое дете кое не живее во неговото семејство го има правото на посебна заштита и поддршка. Тоа тогаш има право на фамилија која ќе се грижи за него или на згрижување во адекватна установа која ќе ги земе во предвид неговото потекло, религија, култура или јазик. |
21 |
Посвојување |
Едно дете смее да биде посвоено тогаш кога посвојувањето е дозволено, признато и одобрено во земјата и тоа е во интерес на детето. |
22 |
Деца бегалци |
Секое дете кое е присилено да ја напушти неговата земја, кое е дете бегалец и бара азил има право на посебна заштита и поддршка од државата. |
23 |
Деца инвалиди |
Секое дете кое е инвалид има право на посебно згрижување и образование. Притоа треба да му се помогне да стане самостојно и да може да земе активно учество во една заедница. |
24 |
Здравје и медицински служби |
Секое дете има право на најдобра медицинска грижа. Државата има должност да се бори против смртноста кај децата, да обезбеди медицинска грижа за младите луѓе, да се бори против погрешна исхрана и болести, да гарантира медицинска грижа за младите мајки и оние кои ќе станат мајки, да биде достапно здравственото воспитување, да ја развие превенцијата во областа на здравството и да ги укине пренесените обичаи кои им штетат на децата. |
25 |
Проверка на упатувањето |
Секое дете кое е упатено од страна на некоја државна служба во некоја установа за негова заштита, згрижување или лекување има право на тоа упатот да се провери. |
26 |
Социјално осигурување |
Секое дете го има правото на социјални придонеси како на пр. социјално осигурување. Државата му ги гарантира на детето овие услуги со земање на предвид на економската ситуација на семејството или на лицата кои се грижат за него. |
27 |
Животен стандард |
Секое дете има право на адекватен животен стандард за неговиот телесен, ментален, духовен, морален и социјален развој. За тоа пред сѐ се одговорни родителите или старателот. Државата има задача да ги поддржи во тоа. |
28 | Образование |
Секое дете има право на образование и училиште. Државата ја има задачата, посетувањето на основното училиште да го направи бесплатно и задолжително, а пристапот до повисоките школи да биде отворен на ист начин за сите деца и млади. Државата ја има должноста да внимава на тоа децата и младите да бидат адекватно третирани и нивното човечко достоинство да не биде повредено. Исто така должност на државата е меѓународно да се залага за тоа да има сѐ помалку деца и млади кои не знаат да читаат и пишуваат. |
29 |
Образовни цели |
Образованието преку училиштето мора да биде такво, што ќе се поттикуваат личноста и талентите на детето, детето ќе се подготви за животот како возрасен, ќе се почитуваат човековите права и културата и вредностите на сопствената земја и на другите земји. |
30 |
Деца на малцинствата |
Секое дете кое му припаѓа на малцинство, има право да ја негува неговата сопствена култура, да се признае неговата религија и да го употребува неговиот јазик. |
31 | Одмор, игра и слободно време |
Секое дете има право на одмор и слободно време, во кое ќе можи да игра и слободно да учествува во културниот и уметничкиот живот. |
32 |
Детски труд |
Секое дете има право да биде заштитено од секаков вид на експлоатација и економска работа која би можела да му наштети на неговото образование или на неговиот развој. Државата има задача да утврди минимална возраст, број на работни сати дневно и работни услови во кои ќе биде дозволено да работи. |
33 |
Заштита од дроги |
Секое дете има право да биде заштитено од производство и трговија на илегални дроги. |
34 |
Заштита од сексуална експлоатација |
Секое дете го има правото да биде заштитено од сексуална експлоатација и злоупотреба и од проституција и порнографија. |
35 |
Заштита од продавање и трговија |
Државата мора да преземе сѐ за децата и младите да не бидат продавани или киднапирани и со нив да не се врши трговија. |
36 |
Заштита од други форми на експлоатација |
Секое дете има право да биде заштитено од останати форми на експлоатација (на пр. питање). |
37 | Мачење и лишување од слобода |
Секое дете има право на заштита од мачење, свирепо третирање или казнување и незаконско затворање или друг вид на попречување на личната слобода. Државата ја има задачата да забрани смртна казна и доживотен затвор за млади луѓе. Кога на едно дете му е одземена слободата, тоа има право да биде третирано човечки и со почит. Доколку едно дете или млад се апси, мора да се притвори одделно од возрасните, да може да остане во контакт со неговото семејство и да има право на правна помош. |
38 | Војни и вооружени конфликти |
Децата и младите под 15 години имаат право да не мораат да учествуваат во вооружени конфликти. Доколку децата и младите под 15 години се погодени од војна, државата има должност посебно да ги заштити. |
39 | Реинтеграција и ресоцијализација |
Секое дете, жртва на вооружени конфликти, на мачење, запоставување или експлоатирање има право на соодветно згрижување за да може повторно да стане физички и психички здраво и интегрирано во заедницата. |
40 | Малолетничко правосудство |
Секое дете кое е обвинето дека сторило криминално дело има право на тоа да биде со достоинство третирано пред судот. Тоа е невино, сѐ додека не се докаже неговата вина. Секое дете има право на фер процес, на преведувач доколку е потребно и на заштита на неговата приватна сфера и на тоа да се провери решението на судот. Државата ја има задачата да утврди минимална возраст од која еден млад човек мора да издржува казна. Државата освен тоа ја има задачата да постави други подготвени можности за издржување на казната на осудените деца освен затвор. |
41 | Повисоки стандарди имаат предност |
Доколку некоја земја утврди закони кои се подобри од Конвенцијата за права на децата кои ги штитат правата на децата и младите, тогаш важат тие права. |
42 | Запознавање на правата на децата |
Секоја држава има задача да ги објави правата на децата општо кај возрасните и децата во соодветна форма. |