2. Групирање на детските права во четири димензии

Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 3: Документи и наставни материјали » 2. Групирање на детските права во четири димензии

Конвенцијата на правата на децата може да се подели на четири групи на права. Ова групирање може да се употреби и во наставата, со тоа што со учениците ќе се направи обид тие да се подредат. Тоа може да биде индивидуално или во групна работа за делумна област.

I. Учество – значи да може да се вклучи во одлучувањето, слободата да се здружува со другите, слободата на изразувањето на личното мислење и слободата да се добиваат информации од повеќе различни извори.

II. Исцрпување на нашиот потенцијал – значи дека мора да бидат дадени извесни услови кои ќе ни овозможат оптимален личен развој. Оваа група на права ги набројува образованието, семејството, културата и идентитетот како важни делови од нашиот живот.

III. Добро да се живее – Правото на преживување ги содржи сите наши основни потреби. Под тоа се подразбира исхрана и заштита, нашиот животен стандард и здравјето.

IV. Да се биде заштитен од штети – значи дека младите луѓе имаат право на заштита од злоупотреба, занемарување, економска експлоатација, мачење, киднапирање и проституција.

Група

член

Краток наслов

I. Учество: Нашето право на партиципација

3

Благосостојбата на детето е приоритетна

12

Изразување на мислењето на детето

13

Слободно изразување на личното мислење

14

Слобода на мислење, слобода на совест и вероисповед

15

Слобода на здружување

16

Заштита на приватниот живот

17

Пристап до адекватни информации

II. Исцрпување на нашите потенцијали: Правото да се развива нашата личност

5

Почит кон правата на родителите

7

Име и државјанство

8

Заштита на идентитетот

10

Спојување на семејството

21

Посвојување

23

Хендикепирани деца

28

Образование

29

Образовни цели

30

Деца на малцинства

III. Добро да се живее: Нашето право на преживување

6

Преживување и развој на детето

9

Одвојување од родителите

18

Одговорност на родителите

24

Здравје и медицински услуги

26

Социјална безбедност

27

Животен стандард

31

Одмор, игра и слободно време

IV. Да се биде заштитен од штети: Нашето право на заштита

2

Забрана на дискриминација

11

Противзаконска депортација и невраќање

19

Заштита од злоупотреба

20

Млади луѓе без фамилија

22

Деца – бегалци

25

Проверка на упатувањето

32

Детски труд

33

Заштита од дроги

34

Заштита од сексуална експлоатација

35

Заштита од продавање и трговија

36

Заштита од останати форми на експлоатација

37

Мачење и лишување од слобода

38

Војни и вооружени конфликти

39

Реинтеграција и ресоцојализација

40

Малолетничко правосудство

Во горната табела недостигаат четири права, кои не можат да бидат подредени во четирите групи, бидејќи тие пред сѐ се фокусираат на задачите на државата. Тоа се:

1

Дефиниција за дете

4

Спроведување на правата

41

Повисоки стандарди имаат предност

42

Објавување на правата на децата