4. Детските права илустрирани (картички за детските права)
Living Democracy » Textbooks » Сознавање на детските права » Дел 3: Документи и наставни материјали » 4. Детските права илустрирани (картички за детските права)Детските права беа на почетокот во прва линија еден правен инструмент. Но за училиштето е јасно, дека е неопходно поединечни членови да се разбираат и интерпретираат од аспект на целната група. Илустрираните карти за детските права помагаат притоа сѐ повеќе и повеќе да се приближат до оваа цел на разбирање и употреба. Картичките можат различно да се користат. Еве неколку примери.
- Сликата и текстот заедно да се исечат и на двострани картички да се залепат. Така настануваат картички за учење. Учениците можат самите да се тестираат и меѓусебно да се поддржуваат.
- Сликата и текстот да се исечат и да се користат како мемори игра. Учениците така ги запомнуваат од една страна правата и можат да учествуваат во заеднича игра.
- Сликите да се исечат и да се подредат по различни критериуми:
- Според четирите критериуми на подредување (учество: нашето право на партиципација; исцрпување на нашиот потенцијал: правото да ја развиваме нашата личност; добро да се живее: нашето право на преживување; да бидеме заштитени од штети: нашето право на заштита).
- Според лична проценка: Што е важно во мојот живот? На кои прашања треба посебно да обраќа внимание мојата земја, мојата општина, моето училиште?
- Сечење на илустрации, пребарување на слики кои претставуваат слични теми во весници и списанија.
- Преку поттикнување од илустрациите, обид да се нацрта сопствена илустрација.
- Илустрациите да се зголемат, да се обојат од учениците (евентуално да се врамат) и да се обесат како украс во училниците и салите за пауза.
- Илустрациите да се комбинираат со сопствени доживувања и да се изработи малечка брошура.
Член 1 |
Дефиниција за дете Дете е секој човек кој не навршил 18 години.
|
Член 2 |
Забрана за дискриминација Ниту едно дете не смее да биде дискриминарано поради бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, мислењето, потеклото, богатството, инвалидноста или припадноста на етничка група. |
Член 3 |
Здравјето на детето е приоритетно Во сите закони и судски одлуки важи дека здравјето на детето стои на највисоко место.
|
Член 4 |
Спроведување на правата Секоја држава мора колку што е можно повеќе да внимава на тоа да се запазат правата на децата.
|
Член 5 |
Почитување на правата на родителите Секоја држава мора да внимава на тоа да се запазат задачите, правата и должностите на родителите така што децата ќе можат да ги практикуваат нивните права. (Владите мора да ги почитуваат правата и должностите на родителите, на членовите на поширокото семејство и на старателот со тоа што ќе ги советуваат и упатуваат децата и младите како тие можат да ги практикуваат нивните права.) |
Член 6 |
Преживување и развој на детето Секое дете има право на живот и преживување. Државата мора да внимава на тоа децата и младите да можат добро да се развијат. |
Член 7 |
Име и државјанство Секое дете при неговото раѓање има право да добие име, да се стекне со државјанство и да биде згрижено од родителите. |
Член 8 |
Заштита на идентитетот Секое дете го има правото да го задржи за себе или обнови неговото име, државјанство и неговите семејни врски. |
Член 9 |
Разделување од родителите Секое дете има право да живее кај неговите родители, освен доколку мора да биде заштитено од неговите родители. Доколку едно дете мора да биде одделено од родителите, го има правото да биде послушано. Доколку детето се разделува од родителите, тоа има право да знае каде се неговите родители. |
Член 10 |
Спојување на семејството Секое дете го има правото да ја напушти секоја држава и да може да патува во сопствената земја за да биде повторно заедно со неговото семејство. |
Член 11 |
Незаконска депортација и нерепатријација Секоја држава мора да се бори против киднапирање на деца и млади од нивниот родител или некое друго лице во друга земја и против нерепатријација. |
Член 12 |
Изразување на мислењето Секое дете има право да го изрази неговото мислење за сите прашања кои се во врска со неговиот живот. Ова важи пред сѐ за судските и административните постапки. Колку се постари децата и младите толку повеќе би требало да се земи во предвид нивното мислење. |
Член 13 |
Слободно изразување на мислењето Секое дете има право на тоа да го изрази слободно неговото мислење и да добива и шири информации преку медиумите. Секое дете има исто така и должност да го изрази неговото мислење така што ќе ги почитува правата на другите луѓе. |
Член 14 |
Слобода на мислење, совест и вероисповед Секое дете го има правото слободно да го манифестира неговото мислење, неговата совест и неговата вероисповед. Државата мора притоа да ги почитува правата и должностите на родителите, кога децата ги манифестираат нивните права. |
Член 15 |
Слобода на здружување Секое дете го има правото да се здружува со други деца, да се зачлени во некој клуб или да оснива клуб, доклку со тоа не ги повредува правата на другите луѓе. |
Член 16 |
Заштита на приватниот живот Секое дете има право на тоа, никој да не смее да се меша во неговиот приватен живот, во неговото семејство, неговиот стан или неговата писмена коресподенција. Секое дете освен тоа го има правото никој да не ја повредува неговата чест. |
Член 17 |
Пристап до адекватна информација Секоја држава мора да се грижи за тоа децата да имаат пристап до информации преку разни медиуми и да можат да се стекнат со знаење кое е важно за нив и за нивното здравје. Државата исто така ја има задачата да ги заштити децата од штетни информации. |
Член 18 |
Одговорност на родителите Родителите или старателот се заеднички одговорни за воспитувањето на детето. Државата ја има задачата да ги поддржува во оваа задача и на пр. да се погрижи за згрижување доколку родителите мора да работат. |
Член 19 |
Заштита од злоупотреба Државата ја има задачата да го заштити детето од злоупотреба од неговите родители или други лица. Секое дете исто така има право да научи како секој вид на злоупотреба може да биде спречен и третиран. |
Член 20 |
Млади луѓе без семејство Секое дете кое не живее во неговото семејство го има правото на посебна заштита и поддршка. Тоа тогаш има право на фамилија која ќе се грижи за него или на згрижување во адекватна установа која ќе ги земе во предвид неговото потекло, религија, култура или јазик. |
Член 21 |
Посвојување Едно дете смее да биде посвоено тогаш кога посвојувањето е дозволено, признато и одобрено во земјата и тоа е во интерес на детето. |
Член 22 |
Деца бегалци Секое дете кое е присилено да ја напушти неговата земја, кое е дете бегалец и бара азил има право на посебна заштита и поддршка од државата. |
Член 23 |
Деца инвалиди Секое дете кое е инвалид има право на посебно згрижување и образование. Притоа треба да му се помогне да стани самостојно и да може да земе активно учество во една заедница. |
Член 24 |
Здравје и медицински служби Секое дете има право на најдобра медицинска грижа. Државата има должност да се бори против смртноста кај децата, да обезбеди медицинска грижа за младите луѓе, да се бори против погрешна исхрана и болести, да гарантира медицинска грижа за младите мајки и оние ќе станат мајки, да биде достапно здравственото воспитување, да ја развие превенцијата во областа на здравството и да ги укине пренесените обичаи кои им штетат на децата. |
Член 25 |
Проверка на упатувањето Секое дете кое е упатено од страна на некоја државна служба во некоја установа за негова заштита, згрижување или лекување има право на тоа упатот да се провери. |
Член 26 |
Социјално осигурување Секое дете го има правото на социјални придонеси како на пр. социјално осигурување. Државата му ги гарантира на детето овие услуги со земање во предвид на економската ситуација на семејството или на лицата кои се грижат за него. |
Член 27 |
Животен стандард Секое дете има право на адекватен животен стандард за неговиот телесен, ментален, духовен, морален и социјален развој. За тоа пред сѐ се одговорни родителите или старателот. Државата има задача да ги поддржи во тоа. |
Член 28 |
Образование Секое дете има право на образование и училиште. Државата ја има задачата, посетувањето на основно училиште да го направи бесплатно и задолжително, а пристапот до повисоките школи да биде на ист начин отворен за сите деца и млади. Државата ја има должноста да внимава на тоа децата и младите да бидат адекватно третирани и нивното човечко достоинство да не биде повредено. Исто така должност на државата е меѓународно да се залага за тоа да има сѐ помалку деца и млади кои не знаат да читаат и пишуваат. |
Член 29 |
Образовни цели Образованието преку училиштето мора да биде такво, што ќе се поттикуваат личноста и талентите на детето, детето ќе се подготви за живот како возрасен, ќе се почитуваат човековите права и културата и вредностите на сопствената земја и на другите земји. |
Член 30 |
Деца на малцинствата Секое дете кое му припаѓа на малцинство, има право да ја негува неговата сопствена култура, да се признае неговата религија и да го употребува неговиот јазик. |
Член 31 |
Одмор, игра и слободно време Секое дете има право на одмор и слободно време, во кое ќе може да игра и слободно да учествува во културниот и уметничкиот живот. |
Член 32 |
Детски труд Секое дете има право да биде заштитено од секаков вид на експлоатација и економска работа која би можела да му наштети на неговото образование или на неговиот развој. Државата има задача да утврди минимална возраст, број на работни сати дневно и работни услови во кои ќе биде дозволено да работи. |
Член 33 |
Заштита од дроги Секое дете има право да биде заштитено од производство и трговија на илегални дроги. |
Член 34 |
Заштита од сексуална експлоатација Секое дете го има правото да биде заштитено од сексуална експлоатација и злоупотреба и од проституција и порнографија. |
Член 35 |
Заштита од продавање и трговија Државата мора да преземе сѐ за децата и младите да не бидат продавани или киднапирани и со нив да не се врши трговија. |
Член 36 |
Заштита од други форми на експлоатација Секое дете има право да биде заштитено од останати форми на експлоатација (на пр. питање). |
Член 37 |
Мачење и лишување од слобода Секое дете има право на заштита од мачење, свирепо третирање или казнување и незаконско апсење или други видови на загрозување на личната слобода. Државата има задача да ја забрани смртната казна и доживотниот затвор за малолетни лица. Кога едно дете ќе биде лишено од слобода, тоа има право да биде третирано човечки и со почит. Доколку едно дете или малолетник е уапсен, тој мора да биде притворен посебно од возрасните, да може да остане во врска со семејството и има право на правна помош. |
Член 38 |
Војни и вооружени конфликти Децата и младите под 15 години имаат право да не учествуваат во војни и вооружени конфликти. Доколку децата и младите под 15 години се погодени од војна, државата има должност посебно да ги заштити. |
Член 39 |
Реинтеграција и ресоцијализација Секое дете, кое станало жртва на вооружени конфликти, мачење, занемарување или експлоатација има право на адекватно згрижување, за да може повторно психички и физички да оздрави и да биде интегрирано во една заедница. |
Член 40 |
Малолетничка правда Секое дете кое е обвинето дека извршило криминално дело има право на тоа, пред судот да биде третирано со достоинство. Тоа не е виновно сѐ додека не се докаже неговата вина. Секое дете има право на фер судски процес, на преведувач доколку е потребно и на заштита на неговата приватност и на тоа да се провери одлуката на судот. Државата има задача да утврди минимална возраст од која еден млад човек мора да отслужи казна. Државата освен тоа има задача да овозможи други можности за отслужување на казната на обвинетиот наместо затвор. |