Глава 1: Создавање на атмосфера во училницата

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 1: Создавање на атмосфера во училницата

V6_P11&92

Вовед

Сликата прикажува ученици кои работат во училницата. Одлево, едно момче и девојка работат заедно, а нивните материјали и глобус се на масата. Изгледа дека имаат дискусија. Во заднината, еден ученик или можеби наставник прави презентација. Девојката оддесно ја крева раката и чека да ја повикаат. Сите на часот работат напорно и уживаат во тоа. Атмосферата на часот е пресудна за ефективно работење и учење.

Овие пет вежби се концентрираат на тоа како да се создаде атмосфера на часот која ќе направи учениците да се чувствуваат удобно и безбедно. Овој основен услов ја овозможува ефикасноста на предавање и учење, бидејќи прекинувањата секогаш имаат приоритет и одземаат време и енергија.

ОДГ/ОЧП има многу заеднички особини со доброто предавање. Ова не важи само за овие пет модели, туку и сите вежби во оваа книга.

Сепак, овие модели не се направени како алатки за раководење на часот; тие пренесуваат подлабока, позначајна порака. Денес, образовните реформи се занимаваат со проблемот како да се надмине фиксното и навидум безвременско знаење и идеи, а да се развие подинамичен концепт на учење во текот не целиот живот кое бара развивање на способности наместо акумулирање на факти и цифри.

Од оваа перспектива, училиштето се сфаќа како микро-општество – место во кое учениците се среќаваат со искуства и проблеми кои се многу слични со возрасниот живот. Затоа учениците треба да научат како да се справат со таквите проблеми во училиштето. Овие вежби им помагаат на учениците да направат нивното микро-општество да функционира со тоа што ќе се запознаат едни со други, ќе договорат правила во групата, ќе споделат искуства и ќе го одредат нивниот идентитет во групата преку меѓусебна соработка. Овие задачи се подеднакво битни и пригодни за млади и повозрасни ученици, но нивото на размислување ќе варира.

На крај, во однос на ОДГ/ОЧП, овие вежби пренесуваат јасна порака за учењето преку или во духот на демократијата и човековите права. Секој ученик е личност која придонесува нешто лично и посебно во заедницата на ученици и наставници на часот. Секој ученик треба да добие внимание и почит. Секое правило треба еднакво да се примени на сите. Тоа значи: „Што јас очекувам од другите, тоа очекуваат тие од мене.“ Учениците треба да се свесни за оваа порака, а затоа размислувањето и критичкото размислување на часот се многу битни.