Вежба 1.3. – Грб на идентитетот

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 1: Создавање на атмосфера во училницата » Вежба 1.3. – Грб на идентитетот
Образовна цел

Зголемување на себепочитта; индивидуите се мотивираат да ги препознаат и ценат своите позитивни аспекти.

Групите ги наоѓаат нивните заеднички цели.

Белешка за употреба Оваа вежба им овозможува на учениците многу брзо да станат активно вклучени. Идеална е за новоформирана група на почетокот на обуката.
Ресурси Постер со грб за секоја група ученици, пенкала или моливи во боја, слики од списанија, итн.

 

Процедура

  1. Со помош на „игра“ за формирање групи (пр. со делење парови на картички и формирање на групи на жонглери, виолинисти, итн.) класот се дели на три, шест или девет групи во зависност од големината на класот. Не треба да има повеќе од 5 ученици во секоја група. Секоја група е или А, Б, или В.
  2. Учениците работат во групи по четири. Секој ученик добива скица на грб,која е поделена на четири дела и оздола има ролна. Деловите можеби се веќе исечени од друга копија и можат да се залепат на главниот грб на крајот.
  3. Задача:
    Индивидуална подготовка:

    • Забележете ги одговорите на следните прашања:
      – Како се перцепирате себеси?
      – Кои се вашите потреби?
      – Што можете да правите/работите?
      – За што зажалувате кога ќе помислите на вашиот живот?
    • нацртајте (или одберете) симбол или симболи кои ги претставуваат вашите белешки (бои, хартија во боја, слики од списание, итн.).

    Работа во групи:

    • објаснете го/ги симболот/те на членовите од вашата група
    • залепете ги сите делови на вашиот грб
    • најдете заеднички симбол за вашата група (центар), мото за вашите идеи (горно знаме) и име на вашата група (долно знаме).
  4. Завршените грбови се презентираат од членови на групата на пленарната сесија и се прикачуваат на ѕидот.

Материјали

V6_P16