Вежба 1.4. – Букет со цвеќе

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 1: Создавање на атмосфера во училницата » Вежба 1.4. – Букет со цвеќе
Образовни цели

Целта на оваа вежба е да се овозможи групната кохезија и да се зголеми себепочитта.

Учениците го почитуваат тоа што индивидуите се уникатни и различни, но исто така придонесуваат на целосната сила на групата.

Ресурси

Мала портретна фотографија од ученикот не поголема од 3 квадратни цм. (ако е можно и нацртан автопортрет).

Жолта или портокалова хартија исечена во кружни парчиња со приближен дијаметар од 6 цм. како центарот на цвеќето.

Хартија во светли бои исечена во форма на цветни листови, лента во боја, ако има маркери или моливи во неколку бои, два големи листа хартија, лепак или друго лепило.

Процедура

  1. Секој ученик има кружно парче хартија на кое ја лепи својата фотографија.
  2. Секој од учениците зема шест цветни листови и на секое пишува едно или две позитивни зборови за:
    • нешто што наставникот би рекол за нив
    • нешто што машки член на нивното семејство би рекол за нив
    • нешто што женски член на нивното семејство би рекол за нив
    • нешто што самите би рекле за себе
    • нешто што другар/ка ќе би рекол/ла за нив
    • нешто што некој друг во училницата, училиште или заедница би рекло за нив
  3. Ученикот ги лепи листовите околу работ на фотографијата за да формира глава на цветот.
  4. Наставникот или учениците ги поставуваат цветовите на големата хартија.
  5. Наставникот или учениците го цртаат стеблото и листовите на секој цвет за да направат букет. Со прикачување на машничка од лента букетот ќе изгледа посебно!

Продолжение

Седејќи во круг, учениците ги даваат своите коментари. Ова им помага на учениците да го разберат симболичкото значење: букетот ќе ја изгуби убавината ако некои од цвеќињата недостигаат (заедница); секој цвет е различен и додава нешто уникатно (достоинство на личноста); во исто време, сите цвеќиња се слични и затоа едно е од иста важност како некое друго (еднаквост). Концептите во загради можат да се вклучат на часови со постари ученици.