Вежба 1.5. – Кинески стапчиња

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 1: Создавање на атмосфера во училницата » Вежба 1.5. – Кинески стапчиња
Образовни цели Учениците се обучуваат за вештините на тимски играчи. Тие согледуваат што значи да се зависи од другите, и другите да зависат од нив (заемна зависност).
Ресурси Кинески стапчиња или моливи, пенкала итн. (долги околу 15 цм.).

Процедура

  1. Класот се дели на четири групи од околу осум ученика. На групите им се кажува дека треба да покријат одредено растојание (ако е возможно, оваа вежба треба да се прави надвор од училиштето).
  2. Групите стојат во линии, на растојание од 1 – 1,5 метри меѓу нив.
  3. Учениците ги ставаат стапчињата меѓу врвовите на нивните прсти. Стапчињата сега ги поврзуваат учениците.
  4. Сега групите мора да трчаат до цел која ќе се одреди однапред, на пример до другиот крај на школскиот двор. Ако два ученика го пуштат нивното стапче, целиот тим мора да се врати на почетокот и одново да започне. Тимовите имаат слобода да развијат најдобра техника и стратегија за стабилно движење кон целта без паѓање на стапчињата.

    Во зависност од тоа колку е тешка задачата за учениците, правилата можат да се строги или помалку строги.

Продолжение

  1. Некои ученици можат да бидат надворешни набљудувачи кои ќе коментираат за тоа како групите соработувале едни со други.
  2. Активностите можат да се снимаат за да се прикажат различните форми на однесување.