Вежба 2.3. – Филозофијата на животот

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 2 – Појаснување на вредностите » Вежба 2.3. – Филозофијата на животот
Образовни цели Учениците разбираат дека вредностите имаат различни практични резултати.
Ресурси Список на различни начини на живот на постер или на таблата.

Процедура

  1. Учениците го оценуваат секој „начин на живот“ со помош на следната скала:
    7 – многу ви се допаѓа
    6 – ви се допаѓа
    5 – малку ви се допаѓа
    4 – сеедно ви е
    3 – не се грижите за тоа
    2 – не ви се допаѓа
    1 – воопшто не ви се допаѓа
  2. Наставникот им вели на учениците да ги споредуваат нивните оценувања во парови или во групи од 3-4 ученици.

Продолжение

Учениците пишуваат опис на нивниот идеален начин на живот (тие треба да се обидат да го избегнат описот на нивниот сегашен начин на живот). Тие ги откриваат контрадикторностите: дали се совпаѓаат со нивната скала на вредности?

Материјали

Различни начини на живот

  1. Следните работи се потребни во животот: умереност, интелигенција, балансирање на екстремности, пријателства, самоконтрола, дисциплина, претпазливост, добри манири и почит на одредени традиции.
  2. Тоа што е битно во животот се индивидуалната и интелектуалната слобода, индиферентност кон материјалниот и физичкиот свет.
  3. Најважните особини се вниманието, љубовта, посветеноста, контролата на своите страсти и интереси, отвореност кон другите. Не треба да им се верува на дрскиот интелект, борбата за моќ и егоизмот.
  4. Уживањето во животот е поважно од промена во светот: одбивање на етиката, дисциплината и личната пожртвуваност; потреба за социјализирање но со периоди на самотија.
  5. Човек треба да се идентификува со група и да бара пријателство. Социјализацијата и дејствувањето се важни, бидејќи се отфрла медијацијатакоја е претстава за самотија и материјални интереси. Позитивното емоционално изразување и заедничките задоволства се пожелни.
  6. Човек треба да бара голема физичка активност, истражување на светот и практичните сетила, тежнеење кон работа, одбивање на соништата како носталгија, одбивањето на удобност и самозадоволувањето.
  7. Деновите одат еден по друг но сите се различни. Нестабилноста и адаптацијата се централни, и човек треба да сака да ужива во секој момент. Сепак, не треба да се биде роб на една идеја.
  8. Едноставните задоволства се битни: удобност, пријателство, одмор, добро здравје, одбивање на интензивноста и комплексни задоволства, одбивање на амбицијата и фанатизмот.
  9. Отвореноста и приемчивоста се потребни: задоволствата и успесите ќе дојдат самите; чекајте смирено и приемчиво.
  10. Човек мора да има самоконтрола, но да се биде свесен за влијанието на светот и на човечките ограничувања. Човек мора да е дарежлив, но не утопист, и да оди низ светот со самоконтрола и достоинство.
  11. Обмислувањето е важно. Светот е преголем и преагресивен. Внатрешниот живот на душата е најбитен и има приоритет пред јаловиот, мачен свет кој мора да се отфрли.
  12. Фокусот е на дејството, извршувањето, предизвикот, градењето: телото, рацете, мускулите се вистинскиот живот. Мудроста, удобноста и релаксацијата мораат да се отфрлат.
  13. Човечките суштества постојат за да служат: користењето на другите е за својот личен раст. Напуштете се себеси за светот; бидете скромни, константни, верни, флексибилни. Примајте без прашување, работете за владеење на Доброто.