Вежба 3.3. – Дрвото на човекови права

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 3 – Запознавање на човековите права » Вежба 3.3. – Дрвото на човекови права
Образовни цели Учениците создаваат концептуална рамка за оцена на човековите права.
Ресурси Фломастери, големи листови хартија за на ѕид.

Процедура

  1. Наставникот ги дели учениците на мали групи од три до пет луѓе.
  2. Тој/таа им вели да нацртаат убаво дрво и да го крстат „нашето дрво на човекови права“. Покрај дното на стеблото треба да напишаат „човекови права“.
  3. Потоа дрвото треба да има главни гранки со некои од клучните концепти кои учениците сметаат дека се или треба да бидат вклучени во човековите права. Покрај овие главни гранки може да има неколку помали гранки со работи кои учениците сметаат дека се поврзани со главните гранки.
  4. По определено време групите го ставаат нивниот цртеж на ѕидот и го објаснуваат тоа што го напишале. Овие постери можат одредено време да се остават на ѕидот. Тие можат да бидат декорации и да се користат повторно на други часови.

Продолжение

Откако ќе се обработат идеите на учениците за човекови права, може да се премине на подетално учење на човековите права или правата на децата и да се дознае до кој степен постоечките права кореспондираат со тоа што го напишале учениците.