Вежба 3.4. – Возење со воздушен балон

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 3 – Запознавање на човековите права » Вежба 3.4. – Возење со воздушен балон
Образовни цели Учениците стануваат свесни за универзалните вредности во човековите права. Тие разбираат дека некои човекови права се намерно вклучени во други но, во системот на човекови права, значи дали одредени човекови права се заштитени или не.
Учениците разбираат дека човековите права се неотуѓиви и дека арбитрарното укинување на човековите права се граничи со диктатура.
Забелешка за употребата Оваа игра може да се користи како вовед на почетокот на лекцијата за човекови права или како преносна вежба на крајот.
Ресурси Фломастери и хартија, по можност големи листови за на ѕид; список на правата кои треба да се приоритетни/исфрлени.

Процедура

  1. Наставниците раководат со играта. Учениците формираат групи од 5-6 ученици. Секоја група добива постер и фломастери. Учениците цртаат воздушен балон над океанот или друг пејзаж. Песочните вреќи кои ги симболизираат десетте човекови права се закачени на постерот (видете го списокот подолу).
  2. Сега почнува играта. Учениците треба да се замислат себеси како патуваат со „балонот на човекови права“. Балонот почнува да паѓа и патниците треба да фрлат една песочна вреќа за да избегнат несреќа.
    Задачата на учениците е да ги приоритизираат човековите права претставени од песочните вреќи. Тие ќе користат критериуми како следните. Дали едно право се содржи во друго? Дали едно право е од посебно значење за демократијата или нашите лични потреби?
  3. Но, балонот паѓа повеќе и повеќе и мора да се исфрлат повеќе вреќи со редовен интервал. Учениците мораат да фрлат повеќе песочни вреќи. Откако ќе се фрлат четири или пет вреќи балонот безбедно слетува на земјата.
  4. Размислување во пленарната рунда. Секоја група го презентира нивниот список на класот/групата и ги објаснува нивните приоритети. Потоа списоците можат да се споредат. Дали има многу разлики? Исто така треба да има испитување за работата во групите. Дали согласувањето било тешко? Дали било тешко давањето приоритет на некои човекови права на сметка на други? Се надеваме дека ќе има согласување дека сите човекови права на списокот се важни но луѓето имаат различни приоритети во бирањето.
    Во функционален устав, укинувањето на кои било од овие права би предизвикало сериозна штета на демократијата. Човековите права се природни права и затоа се неотуѓиви. Возењето со балон беше симулација на ситуација која се надеваме дека никогаш нема да се случи – владеење на некој диктатор.
    Ако учениците ги испитуваат правилата на играта поради овие основи, тогаш се постигнала целта на учење.
    Има можност да се продолжи размислувањето преку испитување кои од овие права се вклучени во уставот на земјата, и како се заштитени овие права.

Продолжение

Кога вежбата се прави со помлади ученици, песочните вреќи – правата – треба да се сменат со предмети кои се попознати за учениците, на пр. „слободни избори“ може да се замени со „играчки“. Во размислувањето, овие предмети можат да се поврзат со правата на децата.

Материјали

Информација

Песочните вреќи на балонот се состојат од следните права:

  • слободни избори
  • слобода на имотност
  • еднаквост на мажи и жени
  • чиста и здрава природна средина
  • пристап до здрава храна и чиста вода
  • право на образување
  • слобода на мислење, свест и религија
  • облека и домови за сите граѓани
  • приватен живот без вмешување
  • слобода на движење.