Вежба 4.2. – Различност

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 4 – Поглед кон другите » Вежба 4.2. – Различност
Образовни цели Учениците ја искусуваат различноста и разбираат дека различноста е вкоренета во социјалните структури.
Искуството со различноста е најбитно во адолесценцијата. Младите луѓе сакаат да привлечат внимание, да се признаени од возрасните и почитувани од другите луѓе. Важен аспект во формирањето на идентитет во адолесценцијата е одвоеноста од возрасните, посебно родителите.
Учениците разбираат дека има толку многу биолошки разлики што никој не може да ги идентификува сите. На пример, невозможно е да се рече дека еден вид на интелигенција е супериорен во однос на друг. Разликите меѓу луѓето кои се битни се вкоренети во општеството – на пример со вредностите, социјалниот статус или социјалните промени. Во класовите во кои има ученици што припаѓаат на малцинства, добра можност е за овие ученици да ги покажат разликите на недискриминирачки начин.
Ресурси Голем лист хартија.

Процедура

  1. Наставникот набројува колку што е можно повеќе разлики меѓу луѓето на голем лист хартија.
  2. Класот се дели на четири групи. Секој тим набројува одреден тип на разлика:
    • физиолошки разлики
    • психолошки разлики
    • социјални разлики
    • културолошки разлики.
  3. Испитување: учениците размислуваат за разликите меѓу луѓето:
    • „Сфаќам дека знам за…
    • …но научив дека…
    • Моето најголемо изненадување беше…“

Продолжение

Наставникот објаснува зошто човечките суштества се и слични и различни.

Учениците пишуваат замислени две ситуации во кои тешко е да се воочат разликите. Ова може да се дискутира со целиот клас.