Вежба 4.4. – Први впечатоци

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 4 – Поглед кон другите » Вежба 4.4. – Први впечатоци
Образовни цели Учениците се способни да ги идентификуваат стереотипите и да станат свесни за различноста на впечатоци и перцепции кои луѓето ги имаат едни за други.
Учениците практикуваат активно слушање и ја учат почитта кон другите.
Ресурси Фотографии од луѓе кои можат да предизвикаат различни реакции кај учениците се лепат на голем лист хартија (наставникот треба да одбере различни ликови во однос на возраст, култура, етничка група, итн.)

Процедура

  1. Учениците прават круг. Наставникот дава лист на секој ученик.
  2. Наставникот им вели на учениците да ја погледнат нивната фотографија:
    • „Јас гледам…“
    • „Јас мислам…“
    • „Јас чувствувам…“
  3. Учениците ги пишуваат нивните први впечатоци на дното на страницата. Тие го виткаат дното на страницата за да го сокријат текстот и ја подаваат на ученикот кој е лево од нив.
  4. Ова продолжува се додека листовите  не поминат цел круг.
  5. Учениците ги споредуваат нивните први впечатоци:
    • На кој начин вашите први впечатоци беа слични или различни?
    • Што ви дојде на памет при вашиот прв впечаток?
    • Кои аспекти не ги забележивте и зошто?
    • Што ви покажа оваа активност за себеси?

Продолжение

Оваа вежба може да се направи со многу малку фотографии, или само една фотографија или етнографски видеоклип. Може да се побара од секој ученик да ги запише неговите импресии на парче хартија.

Наставникот може да даде информации за други култури: храна, музика, семејна структура, итн.