Вежба 4.6. – Сите сме еднакви, но некои се поеднакви од другите

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 4 – Поглед кон другите » Вежба 4.6. – Сите сме еднакви, но некои се поеднакви од другите
Образовни цели Учениците ги идентификуваат и анализираат причините и мотивите за дискриминирање на другите.
Оваа вежба се концентрира на тоа како социо-економските фактори влијаат на шансите за социјален успех.
Ресурси Големи и дебели листови на хартија и маркери.

Процедура

  1. Наставникот ги дели учениците на групи со не повеќе од шест ученика. Групите мора да се направени од парен број на ученици. Секоја група добива лист хартија и маркер.
  2. Тој/таа им вели на половина од групите да нацртаат карикатура на социјален победник, другата половина на социјален губитник.
  3. Тој/таа им вели на групите да ги набројат карактеристиките на нивниот модел: социо-економско ниво, професија, пол, етничка група, слободни активности, избор на облекување, основни гледишта, начин на живот, тип на дом, потрошувачки навики.
  4. Наставникот им вели на групите да ги разменат нивните цртежи и да ги толкуваат.
  5. Цртежите се закачуваат на ѕидот. Секоја група треба да го толкува цртежот кој го добила пред целиот клас.
  6. „Уметниците“ коментираат за нивните намери. Со размена на идеите зад цртежите и ефектот на цртежите врз гледачот, се очекува учениците да ги допрат следните прашања:
    • Кои се главните карактеристики на успехот?
    • Кои се главните карактеристики на неуспехот?
    • Кои се факторите кои прават разлика меѓу „победници“ и „губитници“?
    • Дали луѓето кои се претставени се од одредени групи?
    • Дали сите луѓе имаат исти можности за успех, без разлика на нивното социјално потекло?

Продолжение

Кои се причините за дискриминација и исклучување на луѓето кои се поинакви поради нивната култура, потекло, сексуално однесување, јазик, итн?

Кои се причините за нееднаквоста меѓу луѓето? Дали еднаквоста е возможна и пожелна, или не?