Вежба 4.7. – Туристи

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 4 – Поглед кон другите » Вежба 4.7. – Туристи
Образовни цели Ова играње на улоги симулира судир на култури и им овозможува на учениците да ги набљудуваат стереотипите кои ги внесуваат во играта. Ќе им помогне на учениците да станат свесни за можни конфликти во ваквите ситуации. Вежбата прави учениците да ги менуваат нивните перспективи, со „влегувањето во туѓа кожа“.
Учениците ги развиваат нивните комуникациски вештини.
Ресурси Парче хартија или картон, маркери во боја; ако е возможно, некоја туристичка опрема, на пр. камера.

Процедура

Забелешка за методот

Идеален аранжман би било да се работи со два различни класа, секој со наставник како нивен лидер. Улогата на двата наставници е да ги потсетат учениците на упатствата и карактеристиките на одредените групи: „туристите“ и „Х-овите“ (иксовите).

  1. Двете групи се среќаваат во нивни училници. Имаат 15 минути да направат контекст во кој ќе се одвива дејството и да ги подготват нивните улоги.
    Туристите пишуваат информации за својата земја, ги развиваат нивните очекувања за патувањето и ја подготвуваат опремата за патувањето, на пр. камера, мобилен телефон, странски валути. Ако нема вистински предмети, тие може да се симболични со цртежи.
    „Х-овите“ ја одредуваат нивната култура: семејна структура, економија, видови на занаети, облека и домови. „Х-овите“ мора да се колку што е можно „попримитивни“. Самите си го даваат името.
    Културолошките елементи мора да се хомогени. Тие исто така можат да бидат симболизирани со цртежи.
  2. Оваа активност може да се направи на следниот час.
    Двајца туристи,додека купуваат сувенири и прават фотографии, среќаваат членови на „Х-овите“.
    Тие се враќаат во групата и го пренесуваат своето искуство. Тие опишуваат што забележале кај чудната култура на „Х-овите“.
    „Х-овите“ ги споделуваат нивните импресии од среќавањето на туристите, изнесувајќи го своето мислење за ставот на туристите.
  3. Туристите прават инвазија на земјата на „Х-овите“, кои не сакаат да го сменат примитивниот начин на живот.
  4. Двете групи се среќаваат за повратна информација:
    • Како се чувствуваат туристите?
    • Како се чувствуваат „Х-овите“?
    • Што мислат туристите за „Х-овите“?
    • Што тие мислат за нив?
    • Туристите објаснуваат што им било непригодно во однесувањето на „Х-овите“.
    • „Х-овите“ го прават истото.
    • Според туристите, што можеле да направат „Х-овите“ за контактот да бил полесен?
    • Според „Х-овите“, што можеле да направат туристите за да се помалку вознемирувачки?
    • Ако би морале да се вратите во земјата на „Х-овите“, што би требало да знаете за да се однесувате соодветно?

Продолжение

Учениците ги интервјуираат членовите на нивната заедница кои посетиле други земји или ги покануваат да дојдат на час, за да го споделат искуството при запознавање на луѓе со друго културолошко потекло.

Варијација

Учениците замислуваат идеално општество и ги забележуваат значајните промени во споредба со нивната култура.