Образовни цели Учениците стануваат свесни за нивните концепти за правдата и неправдата.
Ресурси Општествени науки, јазици.

Процедура

Учениците работат во парови.

  1. Наставникот му кажува на секој пар да одбере фотографија.
  2. Наставникот им вели на учениците да ја опишат ситуацијата како што тие  ја разбираат:
    • „Можам да видам…“ (фактички опис)
    • „Чувствувам дека…“ (емотивна реакција)
    • „Ме тера да помислам на…“ (асоцијации, идеи)

Потоа наставникот им вели да ги класифицираат сликите во три категории:

    • Сликите прикажуваат ситуација која е праведна.
    • Сликите го прикажуваат спротивното, еден пример за неправда.
    • Учениците не се сигурни како да ги класифицираат сликите.
  1. Паровите формираат групи од четири ученика. Секој пар ја објаснува сликата на другиот пар и треба да ги убеди во расудувањето кое тие го направиле. Сликите со коментарите од групите се прикажуваат во училницата. Секој ученик треба да има време да ги проучи изложбите.
  2. Пленарна сесија:
    • Кои видови на ситуации се опишани како праведни – или неправедни?
    • Беше тешко да се донесе одлука за некои од прикажаните ситуации. Зошто?
    • Кои услови создаваат неправда?
    • Како можат да се променат овие неправедни ситуации?

Продолжение

Учениците формираат неколку групи. Секоја група бира пример за неправда и се занимава со последното прашање: Како може да се надмине оваа форма на неправда?

Прво, тие можат да ги идентификуваат човековите права кои се прекршени во случајот кој се дискутира. Второ, тие можат да бараат начини за заштита и спроведување на човековите права.