Образовни цели На учениците им се претставува темата за дискриминација.
Ресурси Различен број на налепници во боја и една бела налепница.

Процедура

Учениците работат во парови.

  1. Наставникот прикачува налепница на челото на секој ученик. Учениците не смеат да знаат која боја ја имаат. Затоа тие треба да ги затворат очите кога ќе ги добиваат налепниците.
  2. Учениците ги отвораат очите. Секој ученик треба да ги најде членовите на неговата група, а тие се формираат со боите.
  3. Пленарна рунда и размислување. Се предложуваат прашања и информации како следните:
    • Како се чувствувавте кога ја сретнавте првата личност со иста налепница како вашата?
    • Како се чувствуваше личноста со едната бела налепница?
    • Дали се обидовте да си помогнете во вашата група?
    • Како може да се интегрира личноста со белата налепница?
  4. Вежбата може да служи како воведување на учениците во односите меѓу малцинските и мнозинските групи во општеството:
    • Кои се исклучоците, исклучените во општеството?
    • Дали тоа да се биде исклучок или маргинален може да биде личен избор?

Продолжение

Оваа вежба може да се продолжи со тоа што една група ќе добие предности. Можно е учениците да се повеќе вклучени, но овој аранжман може исто така да создаде стрес и непријателство. Наставникот треба добро да го познава класот и да биде подготвен соодветно да реагира.