Вежба 5.3. – Сложувалка

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 5 – Спроведување на правдата на дело » Вежба 5.3. – Сложувалка
Образовни цели Играта симулира искуство со неправеден третман.
Учениците стануваат свесни за нивните реакции на неправедниот третман, кои се засновани на етничките принципи за правдата. Правдата е основна категорија на човековите права.
Учениците ја сфаќаат важноста на солидарноста и соработката при надминување на неправдата.
Ресурси Пликови со едноставни сложувалки, или слики кои се исечени на неколку парчиња.

Процедура

  1. Подготовка: треба да има сложувалка за секоја група од 3-4 ученика во класот. Наставниците можат да користат едноставни готови сложувалки или да подготват сложувалки со сечење на слики (пр. разгледници или реклами) на неколку парчиња. Секоја сложувалка  треба да се стави во плик. По можност, треба да се стави целосната слика на пликот. Наставникот зема дел од едни сложувалки и ги разменува деловите со други сложувалки. Неколку сложувалки треба да се целосни.
  2. Учениците прават групи од околу четири ученика. Наставникот назначува специфична задача на секој член од тимот:
    • ученик одговорен за времето и ресурсите
    • арбитратор кој спречува конфликти и внимава упатствата да се извршат правилно
    • ученик кој го има дупликатот на завршената сложувалка
    • ученик кој ја извршува задачата.

Наставникот дава плик на секоја група заедно со задачата – да ја решат сложувалката во (тесно) определен временски период. Учениците брзо ќе откријат дали нивната сложувалка е во ред и дали можат да добијат поддршка од другите групи.

  1. Играта создава јасни победници и губитници. Во зависност од старосната група и реакцијата од учениците, прашањата како што се следните можат да служат за артикулација и евалуација на искуството со позитивната или негативната дискриминација:
    • Како се чувствувавте кога дознавте дека групите имаат различен материјал?
    • Како ќе се чувствувавте ако бевте во различна група?
    • Како се чувствувавте како дел од група која имаше премалку/премногу материјал?
    • Каков начин на однесување помогна или не помогна за успехот на групата?

Продолжение

Учениците се мотивираат да дискутираат за вистински ситуации во кои луѓето немаат еднаков пристап кон важни ресурси (пр. расположливо време, работа, пари, моќ).