Вежба 5.5. – Перспективи за правдата
Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 5 – Спроведување на правдата на дело » Вежба 5.5. – Перспективи за правдатаОбразовни цели | Учениците разбираат дека може да има различни перспективи за проблемите во правдата. Учениците создаваат разбирање за балансот меѓу правата и должностите. |
Ресурси | Работни листови со перспектива А или Б. |
Процедура
- Се избира едно од правата за испитување.
- Класот се поделува на групи од 4-6 ученика.
Едната половина од секоја група го добива листот А, другата листот Б.
Секоја подгрупа подготвува колку што е можно повеќе аргументи во одбрана на исказот кој е на нивниот лист. - Групите се обединуваат. Членовите на подргрупата А го презентираат нивното гледиште на членовите на подгрупата Б, кои мораат да слушаат внимателно и фаќаат белешки.
Потоа подгрупата Б е на ред.
Презентацијата на аргументи може да се продолжи со период во кој членовите на подгрупите си поставуваат прашања. - Подгрупите А и Б ги заменуваат улогите. Тие не смеат однапред да се информираат за овој дел од вежбата.
Тие имаат неколку минути да ги преиспитаат нивните аргументи. - Групите се обидуваат да усвојат заедничка позиција при пишувањето за проблемот кој што е тема на дебатата.
- Прашања за земање во предвид:
- Кои потешкотии ги имавте при обидувањето да се достигне заедничка позиција?
- Дали фактот дека ги сменивте улогите ја олесни или отежни работата во вашето согласување?
Продолжение
Наставникот (или учениците) наоѓа(ат) случаи во кои слободата на изразување (или злоупотреба на детскиот труд) е контроверзна тема.
- Како да се избалансираат правата и должностите?
- Дали има должности (или права) кои ограничуваат одредени права?
Треба да се користи информација од медиумите за ваквите случаи. Истражувањето може да се прошири и да вклучи други човекови права, на пр. слободата на движење или правото на имотност.
Материјали
Перспектива А: Слобода на изразувањеВо едно праведно општество, слободата на изразување е основно човеково право кое не смее да се забрани. Во предвид земете ги следните точки:
Перспектива А: Злоупотреба на детскиот трудЗаконите против злоупотребата на детскиот труд треба строго да се применуваат за да се заштитат правата на децата за игра, учење и растење во здрави возрасни. Во предвид земете ги следните точки:
|
Перспектива Б: Слобода на изразувањеВо едно праведно општество, некогаш потребно е да се забрани слободата на изразување за да се заштитат правата на луѓето. Во предвид земете ги следните точки:
Перспектива Б: Злоупотреба на детскиот трудВо интерес на помагање на фамилиите да преживеат во тешки економски услови и помагање на децата да имаат активна улога во општеството, децата треба да можат да работат и да помагаат во поддршката на семејството. Во предвид земете ги следните точки:
|