Вежба 6.1. – Основни концепти на политичка мисла

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 6 – Разбирање на политичката филозофија » Вежба 6.1. – Основни концепти на политичка мисла
Образовни цели Учениците ги разбираат вредностите кои индиректно го водат политичкиот разговор и дебата и дека некои од овие вредности ги поддржуваат човековите права, а други не ( учење за човековите права).
Оваа вежба ги обучува учениците да имаат волја за учење и да ги разбираат вредностите и ставовите без разлика дали се согласуваат со нив или не (учење преку човековите права).
Ресурси Листа на предлози или слогани (видете ги материјалите подолу). Алтернативно, постери од избори, видео клипови или извадоци од изјави или говори од политиката.

 

Процедура

  1. Учениците формираат парови или групи по четворица.
  2. Тие ги идентификуваат последиците од исказите. Можеби ќе е потребно тие да добијат прашања за да ги водат и да направат споредба, на пр. за кои групи во општеството ќе има последици предлогот и какви можат да бидат тие (учениците ќе најдат одговори како богатите и сиромашните, здравите и болните, моќните и слабите и тн.)
  3. Ако веќе се запознаени со основните пристапи во политичкото размислување, учениците можат да ги поврзат предлозите со различни школи на мислата. Тие можеби ќе имаат афинитети кон повеќе од еден начин на размислување.
  4. Учениците ги оценуваат исказите и нивните индиректни вредности од аспект на човековите права.

Продолжение

Учениците дискутираат за последиците од предлозите, поврзувајќи ги со проблеми кои се дискутираат во нивната земја.

Материјали

Листа на предлози и слогани

  1. Државата не треба да се меша во раководењето на економијата. Треба да се ограничи на спроведување на законот.
  2. Бесплатната медицинска нега треба да е загарантирана.
  3. Сите компании треба да се национализираат.
  4. Шефот на државата треба да има целосна моќ.
  5. Државата, вработувачите и синдикатите треба да се среќаваат за да ја одредат стапката на зголемување на платите.
  6. Државата е неволја сама по себе.
  7. Белата цивилизација е супериорна.
  8. Слабите ученици не треба да ги забавуваат другите ученици во учењето.
  9. Никој нема право да им наредува на други луѓе.
  10. Општеството треба да се организира така што власта ќе ја почитува природната хиерархија на работите.