Вежба 6.3. – Кога би бил/а магионичар

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 6 – Разбирање на политичката филозофија » Вежба 6.3. – Кога би бил/а магионичар
Образовни цели Учениците се мотивирани да создаваат значенски визии. Личноста без утописки визии е ограничена на прифаќање на статусот кво.
Учениците добиваат шанса да ги искористат талентите (креативност).
Ресурси Хартија и маркер.

Процедура

  1. На учениците им се вели да замислат себеси како магионичари.
  2. Тие читаат:
    „Кога би бил/а голем магионичар, би направил/а мажите, жените и децата никогаш повеќе да не видат штое е војна, а за ова да се случи…“
    Секој ученик ги завршува следните реченици:

    • Јас би го сопрел/а…
    • Јас би го/ја затворил/а…
    • Јас би заборавил/а на…
    • Јас би се спротиставил/а на…
    • Јас би продолжил/а да…
    • Јас би создал/а…
  3. Секој ученик ги чита одговорите во пленарна сесија. Се предложува да се наместат столчињата во круг.
  4. Евалуација: учениците истакнуваат и дискутираат кои желби и потреби ги откриле.

Продолжение

Учениците се справуваат со прашањето дали нешто може да се направи за да им се остварат желбите.

Варијација

За постари ученици:

„Кога би бил/а архитект…“: учениците замислуваат како би можело да изгледа нивното училиште или град во кој живеат.

Учениците можат да размислуваат за нивните желби и да ги поврзат со основните традиции на политичка мисла (либерална, конзервативна, социјалистичка, пријатели на земјата).