Вежба 7.3. – Прашалник за ставовите кои треба да се променат

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 7 – Учество во политиката » Вежба 7.3. – Прашалник за ставовите кои треба да се променат
Образовни цели Учениците можат да размислат за нивните лични ставови и слободно да ги изразат.
Учениците можат да слушаат други ученици, без разлика дали се согласуваат или не.
Ресурси Материјали за ученици: „Прашалник за ставовите кои треба да се променат.

Забелешка за наставникот

Информација за основните политички ставови

Ставот е тенденција да се искаже мислењето или да се усвои одредена форма на однесување. Тој е резултат на социјалната интеграција и личната историја и затоа е помалку совесен од идеологијата. Ставовите ги водат нашите перцепции, расудувања и делувања.

Целта на оваа вежба е со помош на изразување на мислењето да се види до кој степен една личност е за или против социјална промена. Промената сама посебе не е ни добра ни лоша работа, а целта не е да се осудуваат, ниту оценуваат учениците. Треба да се запамети дека резултатите од ваков „политички лакмусов тест“ не треба да се сфаќаат пресериозно, посебно ако учениците не се целосно свесни за последиците од исказите во прашалникот.

Вистинското прашање е: зошто, што, кога и како да се промени. Моделите на политичка мисла кои служат како водилки за политичките ставови се развиле уште од ерата на Француската и Американската револуција. Скицата која следи може да служи како груб пример, но не е замена за читање на оригиналните извори.

Прогресивниот став води до верување дека промените се посакувани. Може да биде револуционерен или реформистички, зависно од итноста и искористените средства. За револуционерниот став, ако е потребно дури и насилството не е исклучено. За реформистичкиот став промената е посакувана, но без радикален конфликт со минатото.

Од друга страна, конзервативниот став ја цени традицијата и го претпочита искуството пред теоријата. Тој може да го претпочита статусот кво или реакциониот став. Да се претпочита статусот кво значи да се прифати сегашната состојба, иако таа е несовршена. Може да се предложи органскиот раст како начинот за промена (Едмунд Бурк). Основна грижа е државата да е силна и агилна, за да не е оптоварена од пристрасни интереси и претерано учество. Реакциониот став пак, ја отфрла сегашната состојба на нештата: се смета дека извршувањето на промените било грешка и се тежнее кон враќање кон предходна фаза.

Револуционерниот и реакциониот став се доктринарни, т.е. фундаменталистички, што значи дека ја бранат позицијата со идеолошка основа, без земање на моменталната реалност во предвид.

Другите се попрагматични и ги одредуваат нивните позиции со анализа на моменталните последици.

Оваа вежба може да служи како општо упатување со кое учениците ќе го разберат постоењето на различни модели на политичка мисла и ќе станат свесни за нивните лични преференции и тежнеења. Во политичкиот живот, ставовите  често ќе бидат мешавина меѓу различни модели на политичка мисла, на пр. нео-либерализам, екологизам, технократизам.

Процедура

  1. Учениците ги одговараат прашањата. Пишуваат број пред секој исказ, за да го покажат нивниот став. Кодот кој го користат е следниот:
    5 – Целосно се согласуваат со исказот.
    4 – Воглавно се согласуваат со исказот.
    3 – Воглавно се неутрални кон исказот.
    2 – Воглавно не се согласуваат со исказот.
    1 – Целосно не се согласуваат со исказот.
  2. Учениците го пресметуваат збирот, кој го покажува нивниот политички став.
    100 – 80: револуционерен
    80 – 60: реформистички
    60 -40: за статус кво
    40 – 20: реакционен.

Дали има некои значајни издвојувања меѓу учениците, посебно меѓу момчињата и девојчињата?

Продолжение

Работење со текстови: во зависност од тоа како се користи вежбата – како вовед или премин – се препорачува работа со текст како вовед или продолжение на оваа вежба. За напредните класови, може да се користат извадоци од писатели како што се Лок, Бурк, Маркс. Понатаму, како алтернатива за помлади ученици може да се користат изјави од политичари или партиски претставници за одреден проблем.

Исто така видете ја следната вежба.

Варијација

Овие прашања може да се формулираат со користење  локални проблеми.

Кое било од прашањата може да служи како почеток на дебата.

Материјали

Материјал за ученици

Прашалник за ставовите кои треба да се променат

  1. Жената треба да може да се стерилизира, без дозвола од нејзиниот сопруг.
  2. Информациите за контрацепција треба да се достапни за сите млади девојки од четиринаесет години па нагоре.
  3. Лесните дроги треба да се легализираат.
  4. Во демократиите референдумите треба да се возможни во секое време.
  5. На криминалците им е потребна медицинска нега наместо казна.
  6. Смртната казна треба да е целосно забранета.
  7. Големите компании треба да се национализираат.
  8. Бракот меѓу луѓе од ист пол треба да се легализира.
  9. Не треба да има назначување на полот при понуди за работа.
  10. Треба да се забранат добротворните организации. Државата е должна да им помага на непривилегираните.
  11. Просечниот човек не треба да биде раководен или контролиран.
  12. Учениците треба да учествуваат во водењето на нивното училиште.
  13. Треба да се укинат оцените и сертификатите.
  14. Секому треба да му се гарантира минимален приход, без разлика на пол, возраст или професија, па дури и тој/таа да одлучи да не работи ништо.
  15. Децата треба да се одгледуваат во повеќе вери симултано. Тие ќе изберат кога ќе бидат возрасни.
  16. Политичките лидери треба да го следат советот од научниците за употребата на научните откритија.
  17. Човечките суштества се сите родени со ист потенцијал.
  18. Приватниот имот треба да биде забранет, а да се воведе државен имот.
  19. Никој нема право да го наметне своето мислење на друга личност.
  20. Треба да се спречи сето производство со загадување, каков и да е моменталниот економски ефект.