Вежба 7.5. – Ние и светот

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 7 – Учество во политиката » Вежба 7.5. – Ние и светот
Образовни цели Учениците испитуваат како другите држави и далечните настани влијаат на заедницата.
Учениците подобро ја разбираат структурата на заемна зависност во светот.
Нееднаквата распределба на моќ и нееднаквиот процес на развој бараат разбирање на светско ниво и соработка во духот на човековите права.
Ресурси Локални весници, карта на светот, самолеплива лента и маркери во боја, игла, конци.

Процедура

  1. Учениците се групираат по четворица. Тие сечат статии кои покажуваат дека друг дел од светот влијае на нивната заедница и дека нивната земја и другите земји влијаат една на друга.
  2. Проблемите:
    • економски проблеми
    • политички проблеми
    • проблеми со миграција
    • загадување
    • културолошка размена
    • туризам
    • воена акција, итн.
  3. Учениците ги класифицираат статиите според клучните зборови кои се избрани за да се прикаже одреден тип на влијание и ги бојат зборовите.
  4. Учениците ги бираат најзначајните статии и ги лепат на картата на светот која е на ѕид. Тие прават линии со игла и конец за да ја поврзат секоја статија со нивната земја.
  5. Пленарна сесија.
    • Со кој дел од светот направивте најмногу врски?
    • Кои видови на врски се најчести? Зошто?
    • Дали има дел од светот со кој нема ниедна врска? Зошто?

Продолжение

Учениците наоѓаат информација за политичките и/или економските системи кои се актуелни во земјите со кои имаат врски.

Тие можат да видат дали имало други врски во минатото.

На часовите по странски јазик, може да се користат материјали од странски весници или интернетот.

Оваа вежба може да служи како вовед за проблемот со нееднаквиот развој и распределбата на моќ во светот.

Нашата перцепција за светот е водена од информациите кои ги добиваме од втора рака – од медиумите. Само помислете каде ќе бевте ако ги знаевте само оние делови од светот кои сами сте ги виделе. Па, што ни кажуваат медиумите и кои информации не ни ги предаваат? Дали некој треба да ги контролира медиумите? Цензор? Или доволна е конкуренцијата меѓу различните весници? Колку се моќни медиумите? Дали може да живееме без нив? Може да се постават други слични прашања, но нив треба да ги постават учениците а не наставникот. Ако учениците сфаќаат колку е ограничена нивната директна перцепција, тие можеби самите ќе почнат да поставуваат прашања за улогата на медиумите.