Вежба 8.2. – Структуриран пристап кон решавањето на конфликт

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 8 – Справување со конфликт » Вежба 8.2. – Структуриран пристап кон решавањето на конфликт
Образовни цели Учениците учат техника на решавање конфликти. Тие разбираат дека решавањето конфликти до одреден степен зависи од вештините кои можат да се научат.
Ресурси Материјали: „Решавање на конфликти во шест фази“.
Весници и списанија.

Процедура

  1. Наставникот опишува конфликтна ситуација за која нема одредено решение (пр.: еден ученик задева друг ученик кој доаѓа од странство и зборува со чуден акцент).
    Оваа ситуација може да се прикаже со играње на улоги. Учениците дискутираат како да го решат конфликтот. Со тоа, тие можат да предвидат некои делови од моделот кој ќе го користат во оваа лекција или да постават прашања за кои моделот можеби има одговор.
  2. Листот „Решавање на конфликти во шест фази“ се дели на половина од учениците, кои го читаат во тишина.
    Другата половина од класот бира извештај на конфликт од весник или списание. Тие исто така можат да користат лично искуство или информација од прва рака.
  3. Учениците прават групи од четворица од кои двајца ученици го прочитале решението на конфликтот, а двајца кои ги одредиле можните конфликти.
  4. Учениците бираат еден конфликт и ги тестираат идеите за решавање конфликти.
    Двајца се противници, другите двајца се медијатори, кои го користат листот за да најдат решение.
  5. Последователна пленарна сесија:
    • Кои конфликти се обидовте да ги решите?
    • Како се обидовте да ги решите?
    • Како/дали ви помогна моделот за решавање конфликти?

Варијација

  1. Учениците се концентрираат на случај и ги споредуваат решенијата.
  2. Штом учениците се запознати со процедурата таа може да се применува на конфликти кои вистински се случуваат во класот.

Материјали

Материјал за ученици: решавање на конфликт во шест фази

1. Одредете ги потребите.
„Што ви треба (што точно сакате?)“
Секоја личност вклучена во конфликтот треба да го одговори прашањето без обвинување на другите.
2. Одредете го проблемот.
„Што сметате дека е проблемот во овој случај?“
Целиот клас може да помогне да се најде решението кое ги задоволува потребите на засегнатите. Противниците мора да се способни да ја прифатат одредбата.
3. Барајте неколку решенија.
„Кој може да понуди начин на решавање на проблемот?“
.
Сите во класот можат да дадат одговори. Овие треба да се запишуваат, без коментар, расудување или евалуација. Целта на оваа фаза е да се најдат што повеќе решенија.
4. Проценете ги решенијата.
„Дали би биле задоволни со ова решение?“
Секоја страна во конфликтот ги разгледува алтернативите, објаснувајќи кои се, или не се прифатливи.
5. Одредете кое решение е најдобро.
„Дали двете страни го прифаќаат решението? Дали се решил проблемот?“
Мора да е јасно дека двете страни го прифаќаат решението. Нивните трудови да се најде решение треба да се ценат.
6. Видете како се применува решението.
„Да разговараме уште еднаш за ситуацијата за да сме сигурни дека проблемот навистина се решил.“
Треба да се направи план за евалуација на решението. Зависно од природата на конфликтот и возраста на противниците, евалуацијата може да се прави неколку минути, часови или ден подоцна.