Вежба 8.3. – Семеен конфликт и конфликт со средината

Living Democracy » Textbooks » Предавање демократија » Глава 8 – Справување со конфликт » Вежба 8.3. – Семеен конфликт и конфликт со средината
Образовни цели Учениците учат за решавање на конфликтите на структуриран начин.
Ресурси Материјали: „Решавање на конфликти во шест фази“ (видете ја вежбата 8.2).

Процедура

  1. Учениците го читаат работниот лист “Решавање конфликти во шест фази“.
  2. Наставникот им дава на учениците да ги прикажат примерите за типични домашни конфликти, во училиште или на игралиште, на пример:
    Дома:

    • Детето сака да игра, но родителите мислат дека тоа треба да учи.
    • Детето сака пари за на кино/концерт/забава/излет, но родителите имаат други трошоци.

На игралиште:

    • Момчињата и девојчињата сакаат да го користат игралиштето за различни намени.
    • Момчињата им пречат на девојчињата додека тие играат.
  1. Учениците бираат еден конфликт на кој ќе работат и прават групи од 4-6 ученика.
  2. Секоја група потоа се дели на две.Половина имаат улога на родители,а другата половина има улога на деца.
    Најпрво родителите и децата одвоено се подготвуваат за нивната позиција. Потоа се среќаваат со противниците и почнуваат со преговори, следејќи ги шесте фази.
    По одредено време, преговорите запираат и групите се враќаат на часот.
  3. Целиот клас дава повратна информација за нивната работа. Какви решенија смислија? Дали имаше многу различни решенија?

Варијација

Оваа вежба може исто така да се прави со медијатор, на пример еден ученик со улога на дедо/баба кој ги води спротиставените страни низ преговорите.