Што можам да направам пред да се случи насилство?
Living Democracy » Parents » ДЕЦА (4 – 12 years) » Агресивно однесување » Што можам да направам пред да се случи насилство?Што можам да направам пред да се случи насилство? – Превентивно педагошко однесување
Што можете да направите, во основа, за вашето дете никогаш да не прибегнува кон насилство? Прво, треба да се има предвид дека агресијата е вродено однесување, реакција која се јавува во одредени ситуации, како што сите човечки суштества знаат самите. Така што, нормално е да се развијат агресивни чувства како резултат на некои напади. За повеќе информации кликнете овде.
Затоа, не станува збор за забрана на агресивните чувства, туку е прашање на изнаоѓање соодветни начини за справување со нив и тие да им се пренесат на децата.
- Мојата функција како пример:
Децата учат доста работи преку имитација. Како родители, секогаш имате функција на пример за вашите деца. Тие гледаат како вашите модели на однесување можат да доведат до поголем или помал степен на успех во одредени ситуации. Според тоа, децата ќе сакаат да ги испробаат увидените однесувања. Така, како прв чекор, мора да размислите и да ги процените вашите сопствени однесувања. Разгледајте ги следниве прашања за размислување:
- Како се однесуваме едни со други во рамките на семејството во секојдневниот живот?
- Како се однесуваме еден со друг како (брачни) партнери?
- Како се справуваме со нашите деца? Дали користиме
деструктивни пораки? - Како да се справам со нападите како возрасен?
- Каде е мојот индивидуална граница за лутина, додека не покажам агресивно однесување?
- Свесна грижа
Концептот на свесна грижа ја опишува свесноста со која родителите се грижат и внимаваат на нивните деца и нивните животи. Одговорните родители и силниот однос родител-дете се неопходни за успешен образовен процес. Останете во контакт со вашите деца, со тоа ќе им покажете: Те сакам и ти си ми важен/важна. Вие сте одговорни за животот на вашите деца; затоа, ваша родителска должност е да имате интерес за вашите деца и нивните животи. Ако се плашите дека вашите деца можат да станат агресивни во играњето, мора многу внимателно да ги придружувате: Играјте активно заедно со нив или самите качете се на лизгалката (кога сте на игралиште). На овој начин, вие сте во состојба веднаш да расчистите и да објасните ситуација што вашите деца може да ја сфатат како напад. Така, вашите деца учат правилно да проценат некоја ситуација и да се справат со агресивни мисли.
Ако учествувате активно во животот на вашите деца, вие сте информирани за нивните интереси и сте свесни за нивните чувства и потреби. Ако нешто не испаднало точно како што се надевале вашите деца, можете заедно да барате алтернативни решенија и можности за дејстување. Ако ситуацијата излезе надвор од контрола, вие како родители нема да сте изненадени и на тој начин може да интервенирате навремено за да ги заштитите своите деца.
За повеќе информации за концептот на свесна грижа кликнете овде. - Избегнување на ескалирање
Кога станува збор за исклучување на телевизорот или прекинување на непрестаната употреба на паметни телефони, еден збор може да доведе до друг, како што сигурно веќе сте искусиле. Одеднаш, се наоѓате во ситуација на ескалирање која, во најлош случај, може да заврши со физичко насилство. Затоа, вреди да се направи напор за да се избегне ескалација. Еве неколку предлози:
- Не реагирајте веднаш на провокација. Наместо тоа, обидете се да се вклучите во дијалогот подоцна.
- Можеби нема да можете да го контролирате однесувањето на вашите деца, но сигурно можете да го контролирате своето. Овојпат обидете се со тишина да ја надминете оваа ситуација на ескалација!
- Проблемот не е да се победи во дискусијата со вашите деца. Сепак, мора да им биде јасно какви видови на однесување нема да прифатите (во овој случај насилно однесување) и дека ќе се спротивставите.
Една можна форма на отпор е таканареченото „седење во соба“. Влегувате во собата на вашите деца да седите одредено време и изјавувате дека сега тивко го чекате нивниот предлог за тоа како би сакале да го подобрат нивното покажано однесување.