Што можам да направам?

Living Democracy » Parents » ДЕЦА (4 – 12 years) » Агресивно однесување » Што можам да направам?

< Back


Што можам да направам? – Совети за справување со агресивно однесување

Дали сте добро запознаени со првичната ситуација од игралиштето? Во тоа што следи, ние составивме неколку упатства и совети за однесувањето за вас, за тоа како да се справите со ваквите ситуации во иднина:

  • Внимателно набљудувајте ја ситуацијата: дали е тоа само ситна спречка, турканица меѓу врсниците? Како таква, би било сосема прифатливо да се остави ситуацијата да тече и да се набљудува внимателно. Ако сè биде фер, можеби е само мерење на силата, а интервенцијата од родител воопшто не е неопходна. Меѓутоа, ако некое дете почне да удира јако, дејствува неправедно или ако некој од учесниците е во опасност, мора апсолутно да интервенирате и да ги раздвоите „тепачите“.
  • Сега, одложете ја реакцијата на агресивното однесување на вашата ќерка. Негодувањето, заканувањето, или пак физичкото насилство врз неа, не му помагаат на детето да разбере дека насилството не решава проблеми. Агресивното, луто однесување како одговор на насилството од страна на детето, всушност предизвикува спирала на насилство што може да ги разниша темелите на секое добро воспитување, имено, довербата во односот родител-дете.
  • Така, уверете се дека ниту едно дете не може да се повреди, разделете ги, создадете физичко растојание помеѓу спорните страни, останете смирен/а и сталожен/а и оставете ситуацијата да се олади. Уверете се себе си и вашето дете: „Ова однесување не е прифатливо, а ќе се навратиме на ова во помирни околности. Затоа, проблематичното однесување не се дискутира во емотивна состојба, туку се дискутира подоцна, рационално и со помош на умот.
  • Кога емоциите се смирени, препорачуваме дискусија за агресивното однесување, по принципот „Ненасилна комуникација“ од Маршал Б. Розенберг. (За дополнителни информации, посетете ја следната почетна страница , click here.)

Основната претпоставка во моделот на 4 чекори на Розенберг е дека зад секое човечко дејствување (исто така и зад детската препирка во споменатиот пример на игралиште) постојат одредени чувства и потреби. Како што е покажано со примерот на агресија, позади секое агресивно дејствување стои напад (видете поглавје Зошто моето дете е агресивно? – Разбирање на причините за агресијата). Овие, и чувствата и потребите поврзани со нив, можат да сеоткријат преку сочувствителна комуникација. Мирните начини на решавање на конфликти и задоволување на потребите сега можат да се постигнат преку дијалог. Во продолжение, еве ги 4 чекори кон дијалог во смисла на ненасилна комуникација:

  1. Набљудувања
    Првично, обидете се да опишете точно какви видови на однесување сте виделе. Осигурете се да не го толкувате или оценувате однесувањето. Вашето дете, примателот на вашите забелешки, треба да знае точно на што упатувате.
  2. Чувства
    Потоа, споделете ги со детето чувствата што вашето набљудување ги активира во вас. Доколку ви недостасуваат зборови за да ги опишете вашите чувства или оние на вашето дете, еве ви список со збирка на различни чувства.
  3. Потреби
    Ова се основни квалитети што ги посакуваат сите човечки суштества (или би сакале да ги имаат) во нивните животи. Тие вклучуваат основни потреби, како што се спиење, храна и пијалок, но и копнеж за љубов, безбедност и самореализација.
    Какви други потреби има? Како да ги кажам точно? Kонсултирајте се со списокот за потреби овде ! Сега, формулирајте ги во врска со чувството и наведете ја добиената желба или барање.
  4. Барања
    Со ова барање, вие формулирате акција или однесување што произлегува од потребата. Овде, вие разликувате помеѓу барање и желба: барањата се конкретни активности, додека желбите се понејасни, поврзани со идни состојби (на пр. „бидете љубезни кон постарите лица!“). Барањата имаат поголема шанса за успех бидејќи тие го дефинираат поконкретно посакуваното однесување. Така, барањето е посоодветно, особено за едукација на мали деца.

Бидејќи е доволно тешко за возрасните да ги артикулираат своите чувства и потреби, не смее да се претпостави дека децата се во состојба полесно да ги изразат. Затоа, уште поважно е вие, како родители, да бидете чувствителни кон нивните зборови. Преку емпатично слушање (разјаснување и повторување на кажаното е суштински концепт на моделот), слушателите можат на испраќачите да им дадат можност да постигнат јасност за своите мисли, чувства и потреби. (Што е испраќач? За основни информации за комуникација, кликнете овде.)

Ова е оптимален услов за изнаоѓање на општи, алтернативни модели на однесување кои не бараат физичко насилство за задоволување на потребите.

Дијалог за пример

На кој начин би можело да се направи таков дијалог по конфликтот на игралиште? Замислете си дека сте мајката. Вашата цел е да ги разјасните потребите на вашата ќерка и да ѝ покажете на вашата ќерка различни опции како да ги задоволи овие потреби на ненасилен начин.

Обидете се да го смислите делот на дијалогот од мајката со помош на наведените насоки и прашања. Потоа кликнете на облачињата за да прочитате предлог:

Комуницирајте за забележаното
„Сара, сабајлево на игралиштето ти го удираше и гризеше Матиз.“
„Да, ама и јас сакам да си играм со црвената лопата, никогаш немам играно со неа.“


Какви чувства/потреби се кријат зад зборовите на Сара?
„Дали си тажна бидејќи не можеш да си играш со неговата лопата? Дали сакаш да си донесеш своја лопата следниот пат?“
„Сите други деца си играат со работите на Матиз, ама јас не смеам.“


Каква скриена потреба стои зад ова?
„Ти сметаш дека те третираат неправедно и би сакала да си играш со неговите играчки како и другите?“
„Да, никогаш не можам да играм со нив“


Ве молиме споделете ги и формулирајте ги сопствените чувства.
„Сара, кога удираш и гризеш други, мене ми е страв за другите деца. Можеш да ги повредиш и да ги боли. Следниот пат пробај и со убаво прашај го дали ќе ти даде да играш со нив?“
„Секако нема да ми дозволи…“


Уште еднаш пробајте да се осврнете на чувствата на Сара и понудете некој предлог како решение.
 „Гледам дека си уште многу лута. Ама пробај следниот пат со убави зборови. Ако тоа не успее, веднаш дојди кај мене и ќе размислиме што друго да кажеш. Се согласуваш?“
„Во ред, можам да се обидам.“