Навики во исхраната

Living Democracy » Parents » МАЛИ ДЕЦА » Навики во исхраната

 

Вашиот син Сем има 1,5 години. Сега тој сака да јаде сам. Но, наместо правилно да ја користи неговата лажица и вилушка, Сем си игра со храната и не успева да ја стави храната во уста. Храната е насекаде: на неговата облека, косата и на подот околу масата. Вие се лутите затоа што помислувате на хаосот и колку ќе треба за да ја исчистите кујната.

Секој родител е запознаен со ваквите ситуации од секојдневниот живот со малечките. Како можеме да реагираме соодветно на тоа за да избегнеме конфликти и лоши емоции во вакви ситуации?

Овде ќе најдете некои насоки, а доколку сте заинтересирани, неколку првични прашања што ќе ви помогнат да размислите и да разговарате за вашите реакции во ваква ситуација.



Што треба да знам за комуникацијата со бебиња и мали деца?

Сите видови на комуникации влијаат на мозокот на детето, а јазикот е неопходен за добар развој на мозокот на вашето дете. Недостатокот на комуникација во раното детство доведува до слаб развој на вокабуларот со негативни последици за интелигенцијата на детето и академскиот успех во животот. Нашиот мозок создава мрежа на неврони, користејќи ги сите нови информации кои доаѓаат од околината. Преку социјални активности, како вербална и невербална комуникација, повторување и продлабочување на стимулите, ние му помагаме на нашиот мозок да ја зајакне и да ја развива оваа драгоцена мрежа.

Затоа, како родители имате големо влијание врз интелигенцијата на вашето дете и социјалниот и индивидуалниот развој.

Како можете најдобро да го промовирате развојот на мозокот на вашето дете?

Многу е важно да комуницирате во секоја прилика со вашето дете, дури и во раната фаза на детството. Сепак, за развојот на мозокот на детето не е важно само колку често зборувате, туку и како комуницирате со детето. Научниците развија неколку основни предлози (трите „П“) за вие да ги разгледате.

Трите „П“:

Поголема вклученост: Ова значи дека треба да се ставите во позиција на дете. Набљудувајте го вашето дете: За што интересира тој / таа во моментот? На што се фокусира тој / таа? Разговарајте со вашето дете за тоа (на пр. штипки, чаши или чинии, текстил, камења, огледала, животни, други деца, емоции или набљудувања) дури и ако тој / таа сè уште не е во состојба да ги разбере вашите зборови. Понекогаш малите деца ќе го променат фокусот навистина брзо. Повремено, книгата можеби нема да е интересна за детето после една минута, но тој / таа може одеднаш да покаже голем интерес за коцките од другата страна на собата. Оставете ги вашите деца да го направаттоа и да дадат коментар за нивните постапки! Усвојувањето на перспективата на детето и коментарите за тоа ги поддржува учењето на детето и развојот на мозокот. Детето не мора да троши енергија со неинтересни работи што ги наметнуваат родителите.

Повеќе разговор: Овој совет е навистина лесен за интегрирање во вашиот секојдневен живот со малечките. Коментирајте ги сите ваши постапки со бебето: хранење, менување на пелени, облекување, капење. Вашето дете ќе се сеќава на различните звуци на вашиот јазик и по некое време ќе ги репродуцира. Примери:

  • Објаснете го предметот што вашето дете го држи во рацете: Што е тоа? За што го користиме?
  • Заедно, барајте други или слични предмети: Каде можеме да најдеме нови? Каде се кријат?
  • Поставувајте прашања: Кога вашето дете ќе ги испружи рацете кон вас, прво прашајте: „Дали сакаш да дојдеш тука кај мене?“, А потоа постапете и земете го вашето дете. На овој начин, вашето дете може да направи врска помеѓу реченицата и дејството.

Кога вашите мали дете ќе започнат да кажуваат зборови (како „топка“), проширете ги изговорените зборови со целосна реченица како „Да, има топка“. Или „Дали сакаш да играш со топката?“ Со тоа, или кога ги користите зборовите во различен контекст, го охрабрувате вашето дете да комуницира. Ова исто така создава желба да се користи јазикот.

По редослед: Додека комуницирате со вашето дете, бидете сигурни дека ќе дозволите реципроцитет. Оставете го детето самостојно да ги пронајде зборовите, не ги очекувајте или кажувајте однапред. На малите деца им е потребно одредено време да ги пронајдат вистинските и соодветните зборови во раната фаза на учење на јазик.

Користете отворени прашања, како на пример: зошто, кој, како? Децата треба да користат повеќе зборови за да одговорат на овие прашања, така што го практикуваат својот речник со секој одговор. Покрај тоа, овие прашања ја поддржуваат постојаната комуникација. Така, вашиот разговор нема да заврши со одговор од еден збор на некое прашање со да-не.

Оди на анализа


„Зборување со децата за навики во исхраната“ е базирано на следните наводи:

Нолан, Вирџинија. 2016. «Die Macht der Sprache.» Das Schweizer Elternmagazin Fritz und Fränzi, Oktober, 58-64.

Саскинд, Дејна, Бет Саскин и Лесли Левинтер-Саскинд. 2015. Thirty Million Words. Building a Child`s Brian. New York: Dutton.