УЧИЛИШТЕ ЗАСНОВАНО НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Living Democracy » Principals » УЧИЛИШТЕ ЗАСНОВАНО НА ЧОВЕКОВИ ПРАВАВо овој дел, вие како директор веројатно ќе добиете невообичаен предлог: да го оцените вашето училиште преку призма на човековите права. Ваквата цел може да има многу позитивни аспекти, а најважно – дали основниот систем на вредности доволно го унапредува инклузивното учење и личниот развој на секој ученик во вашето училиште. Дали наставниците, сите вработени, родителите, одборот и Вие самите се активно посветени во оваа работа и третирани со истата заемна почит?
За таа цел, предлагаме да се дискутираат пет теми, проследени со пет соодветни прашања:
|
За сите пет теми, ќе најдете краток воведен текст во корист на вашата свесност и свесноста на вашите соработници, проследено со список на индикатори за ваше колективно прегледување. Мо е да најдете и список на дополнителни индикатори.
Нашиот предлог за самооценување е следниот:
Заедно со тим, одберете една од петте теми. Во рамките на таа тема, ве молам повторно стеснете го оценувањето до 10 индикатори кои најмногу ве интересираат.
(Тема 1) Инклузивност |
(Тема 2) Ефикасност |
(Тема 3) Здравје и безбедност |
(Тема 4) Родова чувствителност |
(Тема 5) Вклученост на заедницата |
|
Клучно прашање | Колку е моето училиште инклузивно и кое е основното разбирање на концептот на инклузивност помеѓу стручњаците во моето училиште? | Колку академски ефикасно е моето училиште во исполнување на ветувањето за квалитетно образование за сите? | Колку здраво и безбедно е моето училиште во однос на емоционалната, психолошката и физичката добросостојба на учениците? | Дали моето училиште има родова чувствителност во создавањето на средина и компетенции кои ја поддржуваат еднаквоста? | Колку моето училиште активно ги вклучува учениците, семејствата и заедницата во сите аспекти од животот на училиште? |